IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 23.03.2017 || „Јафа“ ја купи „Банини“ по почетната цена од 15 милиони евра  |  „Витаминка“ се претстави на Food Expo во Атина  |  Продажните објекти на „Виталиа“ на Google Street View  |  „Лакталис“ со повисока понуда за целосно преземање на „Пармалат“  |  „Унилевер“ ќе продава брендови маргарини и путери  |  „Агрокор“ работи на нов бизнис-модел  |  Продолжува порастот и позитивните резултати на „Тиквеш“  |  Сребрени медали за македонските вина на Chardonnay du Monde  |  „Казино“ се повлекува од српскиот пазар  |  „Хајнекен“ се отвора кон британскиот пазар за безалкохолно пиво  |  Старите семиња од Словенија во маркетите на „Шпар“  |  „Пекабеско“ инвестира над 1,4 милиони евра во нова опрема  |  „Пивара Скопје“ прва и единствена во регионот ја доби лиценцата за Laško  |  СКМ: Од блокадите на Коридорот 10 трпи целата економија  |  Pepsi Max додава варијанта со ѓумбир  |  „Теско“ отвора телефонска линија за спречување загуба на храна  |  „Сарајевска пивара“ се претстави пред идните колеги  |  Недела на виното цвичек на крајот од мај  |  Очекувајте го мартовскиот број на InStore  |  „Еуроспин“ ја отвори 47. продавница  |   ||
   

Мислења и коментари: Бизнисот и пописот на населението

13.03.2017
 
 
Приреди:

Данче Драгинова, danche@instore.mk
 

Според податоците на Државниот завод за статистика, првите попишувања на територијата на Македонија се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните должници и машкото население. Првиот современ попис во земјава е спроведен во 1921 година, а по Втората светска војна се спроведени осум пописи, по еден во секоја декада. Исклучок е пописот во 1991 година, кој беше со нецелосен опфат и затоа во 1994 година повторно е спроведен попис во истата декада.

Првиот целосен попис во Македонија по осамостојување е спроведен во 1994 година, а по него следуваше тој во 2002 година, кој беше и последниот попис во земјава.

Поттикнати од дискусијата што се разви на последната конференција Talk IN Business за потребата од попис на населението, кој ќе ја олесни работата и на истражувачките агенции и на компаниите, решивме да ја обработиме темата и да добиеме одговори на прашањата што значи пописот за бизнисот-секторот во земјава и како вакуумот од 2002 година се одразува врз работењето на компаниите кои тргуваат со стока за широка потрошувачка.

Свесни дека станува збор за најобемното и најмасовното статистичко истражување, како и за фактот дека пописот се подготвува неколку години пред неговото спроведување на терен, а податоците се обработуваат подолг временски период по прибирањето на податоците, до Државниот завод за статистика упативме едно прашање: Кога може да се очекува нов попис и од што зависи тоа? Одговорот што го добивме беше дека темата е многу комплексна и со оглед на нејзиното извонредно значење, мора да се опфатат многу аспекти што се однесуваат на најголемата статистичка операција, за кои е краток рокот до излегувањето на магазинот во печат.

Политичката ситуација во земјава е неизвесна, а со тоа и евентуалниот попис. Сепак, секторот упатува апел дека пописот во земјава е неопходен и тоа – што поскоро. Само на тој начин, истражувачките агенции и компаниите ќе имаат реален увид во бројноста и во структурата на населението, што ќе им овозможи попрецизен пристап во планирањето на маркетиншките и на продажните стратегии.


Институционален став
 

М-р Елена Милевска-Штрбевска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија

Неопходно е да се направи анализа што ќе покаже и ќе докаже кое е вистинското место на приватниот сектор во македонското општество, со кои ресурси располага, колкаво е неговото учество во домашниот бруто-производ, колкаво е учеството во сите економски компоненти, какви се неговите потенцијали за развој и каква е улогата во вработувањето и во забавувањето на процесот на миграција. За овие прашања Комората побара од Виенскиот институт за меѓународни економски студии да подготви научно-истражувачка студија. Анализата ќе придонесе да се создаде јасна слика за приватниот сектор со помош на вообичаените показатели, детално да се разгледа секторот на разменливи добра и да се проучат компаративните предности и конкурентноста, да се анализира интеракцијата меѓу производите и пазарот на трудот (вклучително и влијанието на иселувањето на населението), како и да се добие претстава за индустриските политики што се спроведуваат (преку фискалниот систем и регулаторната рамка). Наодите и препораките ќе создадат темелен преглед на податоци и методологија за тоа како да се следат понатамошните случувања.

Бизнисот постојано укажува на потребата програмите, плановите и активностите на институциите на системот да бидат реални и остварливи. Тоа е можно само доколку се направи попис на сите индикатори што се битни за градење стратегија, вклучувајќи го пописот на населението, а со тоа и пописот на сите економски релевантни показатели. Во суштина, основната цел на пописите на населението е да се обезбедат податоци за населението со место на живеење во земјата, на кое треба да се однесуваат економските, социјалните, но и сите други политики и стратегии. Целосни и точни пописни резултати се предуслов за квалитетна база за виталните политики на државата. За таа цел, освен преземање на потребните методолошки и организациско-технички и стручни подготовки, потребна е и политичка волја. Следствено на тоа, само пописот на сите економски релевантни индикатори е добра основа за планирање, проектирање и за преземање конкретни реформски чекори во економијата или во која било друга област.


Став од секторот
.

Денис Крсник, маркетинг-директор на „Подравка" – Скопје

Како мултинационална компанија, редовно правиме анализи на продажбата и на успешноста по пазари, па така, пописот на населението секако дека би бил значаен, особено во контекст на наводни повеќегодишните миграции на популацијата во западните земји. Доколку миграцијата постои во значајна мера, секако дека ќе влијае и на потенцијалот и на големината на пазарот, што пак влијае на резултатите од продажбата. Тоа е аспект, на кој ние како претпријатие немаме влијание, но мора да го имаме предвид.

Во периодот на вакуум од последниот попис, продажбата се сетираше самата според постојните околности, т.е. со годините, прилично прецизно се приспособи во зависност од потребите на пазарот, па така пописот, во контекст колку и кому, не е премногу значаен. Најзначајниот аспект од пописот на населението од наша перспектива е конечниот број на население, поради проценка на потенцијалот и перспективата на пазарот, т.е. за изработка на долгорочни планови. Во овој момент, како и во последните неколку години, нашите резултати се стабилни, па оттука, не може да кажеме дека поради иселувањето губиме потрошувачи во значајна мера.


Аналитички став
 

Ивица Соколовски, менаџер за истражување, „Ипсос"

Потребата од попис е горлив проблем за секоја истражувачка куќа, особено од аспект што истражувачките агенции произведуваат аналитички податоци кои се користат за стратегиски одлучувања. Следствено, одговорноста за доверливост на податоците (не безбедносната, туку статистичката) е голема.

Доколку не се спроведе попис на населението и на домаќинствата во догледно време, отстапувањата на податоците од пописот од реалната демографска слика на земјава би предизвикале секое истражување, кое во дизајнот користи национално репрезентативен примерок, да вградува грешка. Претпоставката дека примерокот дизајниран врз база на податоците од пописот репрезентативно ќе ја отсликува демографската реалност на земјава, едноставно повеќе не би била точна. Од друга страна, секоја релевантна истражувачка агенција спроведува транспарентни процеси на контрола на податоците и на реализираниот примерок. Во ситуација кога реализираниот примерок се контролира, се споредува и се пондерира врз основа на податоци од последниот спроведен попис, уште во фазата од истражувачкиот процес е внесена дополнителна грешка во податоците.

Опасностите би можеле да бидат илустрирани со следниот пример: да претпоставиме дека одредена FMCG-категорија е типична и исклучива за популација на возраст од 25 до 45 години, со високо образование. Колкав е проценетиот пазар на оваа категорија во Македонија? Ако податоците од пописот се повисоки од реалните, дизајнот и пондерирањето на примерокот ќе предизвикаат истражувањето да прикаже поголем број корисници на категоријата (пазар поголем од реалниот).

FMCG-секторот (производителите и дистрибутерите) е значително загрозен од недостигот од нов попис. Ако производителите, односно дистрибутерите не знаат колку брои нивната целна популација и каде се наоѓа (во кој регион, во каков тип на населба), тогаш наместо користење на аналитички методи, нивната работа се сведува на одредување на правецот на ветерот со помош на лижнат показалец.

 

Експертски став
 
Билјана Бејкова, извршен директор, НВО Инфоцентар

Според светските стандарди, пописите на населението се одржуваат на секои десет години. Тие се статистички операции кои даваат длабок увид на состојбата на теренот и обезбедуваат основни податоци, врз кои се темели креирањето на политиките и на развојните стратегии во сите области на општественото живеење. Пописот обезбедува целосни, квалитетни и реални податоци за населението, домаќинствата и за живеалиштата. Преку добивањето на сеопфатните податоци, се планираат идните решенија, како во демографските, образовните, здравствените, социјалните, така и во економските политики.

Благодарение на податоците од пописот на населението, можат да се планираат стратегии за национален, регионален и за локален економски развој, но и да се креира соодветна клима за поттикнување и за поддршка на бизнис-секторот. Преку целосниот увид во податоците од пописот, односно во структурата и во потенцијалот на населението и на домаќинствата, бизнис-секторот може многу порелевантно да ги анализира и да ги предвидува движењата на економскиот пазар, куповната моќ на луѓето, потенцијалот и квалитетот на работната сила, потребите на граѓаните и др.

Македонија е единствената земја во Европа и една од двете држави во светот кои немаат спроведено попис на населението повеќе од 14 години. А, без попис – нема релевантни политики. Не знаеме колку луѓе денес живеат во секој плански регион. Не знаеме колку работни места има, односно не само што не го знаеме потенцијалот на регионот, туку не можеме ни да развиеме релевантни политики за регионален економски развој. Во ваква ситуација, ниту креаторите на политиките, ниту бизнис-секторот не можат да го планираат развојот на реална и на долгорочна основа. Отсуството на попис го отвора и прашањето на репрезентативниот примерок, кој е основна алатка за спроведување различни општествени истражувања.

Сето тоа зборува колку е голема и суштинска потребата од редовното спроведување попис на населението.


 
 
 
 
back to top