IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Мажите најмногу купуваат батерии

17.12.2014
Истражување за батерии


Според последното истражување спроведено од GfK на македонскиот пазар, речиси 63% од испитаниците лично купуваат батерии, од нив 73% се на возраст од 35 до 44 години, кои најчесто купуваат батерии со можност за повторно полнење.

Автор: Боге Божиновски, директор за продажба, boge.bozinovski@gfk.com  

Батериите во денешно време го диктираат темпото со кое ќе напредува мобилноста. Важноста на оваа преносна енергија е толку голема што секое позначајно подобрување отвора врати за многу производи. Според последното истражување спроведено од GfK, речиси две третини од популацијата, односно 63% од испитаниците изјавиле дека лично купуваат батерии.


Овој процент е значително повисок кај машката популација (74%) и кај испитаниците на возраст од 35 до 44 години (73%).
 
 


Слика 1: Дали вие лично купувате батерии за каков било уред?

Место и фреквенција на купување батерии 

Локалните традиционални продавници се продажни места каде што најголем процент од испитаниците купуваат батерии (42%). Следни се супермаркетите каде што 38% од испитаниците изјавиле дека вршат набавка на батерии. Гледано според возраста, највозрасната група (над 65 години) во значително повисок процент купува батерии во локалните традиционални продавници (51%).

Слика 2: Каде најчесто купувате батерии?
Најголем процент од испитаниците купуваат батерии еднаш на 3 месеци (34%) или, пак, двапати годишно (34%). Од нив, 9% изјавиле дека купуваат батерии еднаш месечно.

Слика 3: Колку често купувате батерии?

Најголем процент од корисниците на батерии купуваат батерии за една употреба (88%).

Слика 4: Најчесто, каков тип батерии купувате?
 
Корисниците на возраст од 35 до 44 години во значително повисок процент (15%) купуваат батерии што имаат можност за повторно полнење, за разлика од највозрасната категорија (над 65 години) која претпочита да купува батерии за една употреба (95%).
Ослободување од потрошените батерии 

Во врска со ослободувањето од батериите, 80% од корисниците на батерии потрошените батерии ги фрлаат во ѓубре, додека 12% ги оставаат во специјални корпи за потрошени батерии. Од нив, 8% ги чуваат потрошените батерии.
 
За истражувањето 

Истражувањето за употребата и ставовите за батериите беше дел од омнибус-истражувањето на GfK, спроведено во септември 2014 година, на репрезентативен примерок од 1000 испитаници над 15-годишна возраст.

Групацијата GfK 

Групацијата GfK е една од водечките меѓународни компании за истражување на пазарот (трето место во Европа и четврта во светот). Има повеќе од 115 канцеларии во над 90 земји, со приближно 10000 вработени со полно работно време (80% од вработените се надвор од Германија). Работењето се одвива во две стратешки бизнис-единици: Consumer Experiences и Consumer Choices.





 
 
 
 
back to top