IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |  „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат  |   ||
   

Маалска продавница: „Т-маркет“

16.06.2017

Списоче покрај касата

Продавницата „Т-маркет" во скопско Дебар маало е една од четирите маалски продавници на семејната компанија „Теба груп агро". Нивниот предизвик е да бидат познати како добро снабдени маркети што знаат да се грижат за муштериите

Разговараше: Васко Марковски, vasko@instore.mk

Продавниците „Т-маркет" се секојдневие на четири скопски маала. Во Карпош 3, во Козле, кај средното фискултурно училиште во Центар и во Дебар маало. Зад нив стои компанијата „Теба груп агро" од Скопје, семејна компанија со 23 вработени.

 

Приказната за „Т-маркет" ни ја раскажа Теодора Арсовска, сопственичка и управителка на „Теба груп агро", магистрант на правни науки.

Сопственик и управител, но воедно и касиер, магационер, сè што е потребно, се надоврза Теодора, посакувајќи ни добредојде во „Т-маркет" на улица Дебарца бр. 57, во Дебар маало.

Идејата за бизнисот е на нејзиниот татко, Тихомир Арсовски, кој повеќе од 25 години се занимавал со трговија - во неколку поголеми и помали синџири маркети. Сега е драгоцен член на тимот.

Татко ми е тој што многу помага и, условно речено, ја врши целата работа. Јас уште учам. Работам и на каса, услужувам кај фрижидерот со сувомесни  производи, примам стока... Но, кога станува збор за комитенти, помага тој. Јас учам од него. Што се однесува на мене, уште не сум решена дали ќе бидам правник или ќе се посветам на овој бизнис, вели Теодора.

Во работењето се вклучени неколку членови на семејството, блиски пријатели на семејството, некогашни колеги и соработници на Тихомир - луѓе кои имаат искуство во трговијата на мало.

Само малкумина од нив работат првпат со нас, но и порано сме се дружеле како семејство, така што сите ни се, на некој начин, фамилија.

Секоја од подружниците е опкружена со маркети од големите синџири, кои им задаваат постојано жестоко темпо на иновативна борба со конкуренцијата, која е најизразена во дуќанот кај МВР — на едниот крај на зградата е „Т-маркет", на другиот — маркет на „големите".

Од една страна, тоа изгледа негативно, но, од друга, ти го подобруваат работењето. Ние сме маалска продавница. Тие имаат ценовна предност, но ние ги имаме муштериите. Се познаваме лично речиси со сите, често се случува да им ги однесеме до дома работите што си ги купиле - нашата предност е во услугата што им ја даваме.

Еден од начините за привлекување повеќе купувачи, како што велат, е да понудат широк асортиман на производи. На полиците во „Т-маркет" купувачите можат да најдат околу 10.000 различни производи. Во дуќанот во Дебар маало, повеќето се „минувачи" — упатени кон Градскиот парк, но, чести муштерии им се и многуте ресторани во опкружувањето, кои во маркетот гледаат згодно место за дополнителни, вонредни набавки на алкохолни и на сувомесни производи.

Некои од големите маркети имаат специфична палета производи што ние ја немаме, но се обидуваме да извадиме убави понуди со производи што кај нив ги нема. Речиси од секој вид производ имаме три-четири производи од различни производители; како што големите ги менуваат цените, така и ние директно одговараме. Тоа мора и да биде така, инаку нема конкурентски да се одржиш на пазарот.

Ние сме маалска продавница. „Големите" имаат ценовна предност, но ние ги имаме муштериите.

Како маалска продавница, велатвели, не можат да си дозволат да им дојде муштерија и вторпат да побара нешто конкретно, а да го немаат.

Буквално, имаме списоче покрај касата, за кога ќе ни побараат нешто, а го немаме - да си запишеме, да исконтактираме и да издејствуваме и ние да го имаме тој производ. И, секако, треба да си многу фин со комерцијалистите, да ги почитуваш, зашто знаат и многу убави акции да ти дадат. Битно ни е секој што ни дошол во продавницата, најмалку уште еднаш да дојде, ни рече Теодора.

Трговијата, како што вели, не се работи со сила, во никој случај. Ако не го сакате тоа, не би издржале ни еден месец.

Можеби звучи како клише, но трговијата, навистина, се работи со љубов. 


 
 
 
 
back to top