IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 23.03.2017 || „Јафа“ ја купи „Банини“ по почетната цена од 15 милиони евра  |  „Витаминка“ се претстави на Food Expo во Атина  |  Продажните објекти на „Виталиа“ на Google Street View  |  „Лакталис“ со повисока понуда за целосно преземање на „Пармалат“  |  „Унилевер“ ќе продава брендови маргарини и путери  |  „Агрокор“ работи на нов бизнис-модел  |  Продолжува порастот и позитивните резултати на „Тиквеш“  |  Сребрени медали за македонските вина на Chardonnay du Monde  |  „Казино“ се повлекува од српскиот пазар  |  „Хајнекен“ се отвора кон британскиот пазар за безалкохолно пиво  |  Старите семиња од Словенија во маркетите на „Шпар“  |  „Пекабеско“ инвестира над 1,4 милиони евра во нова опрема  |  „Пивара Скопје“ прва и единствена во регионот ја доби лиценцата за Laško  |  СКМ: Од блокадите на Коридорот 10 трпи целата економија  |  Pepsi Max додава варијанта со ѓумбир  |  „Теско“ отвора телефонска линија за спречување загуба на храна  |  „Сарајевска пивара“ се претстави пред идните колеги  |  Недела на виното цвичек на крајот од мај  |  Очекувајте го мартовскиот број на InStore  |  „Еуроспин“ ја отвори 47. продавница  |   ||
   

Маалска продавница – претставуваме: „Ралекс“

13.03.2017
 
Трите основни принципи врз кои се базира семејниот бизнис на Михајлови се широкиот асортиман, достапните цени и квалитетната услуга.

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

Во една од трите кули пред мостот Обединети нации, односно на Никола Парапунов, бр. 3А-15, се наоѓа маркетот „Ралекс". Продавницата, која беше отворена во април минатата година, е четврта во низата на семејниот бизнис на Михајлови.

Браќата Бојан и Даниел, кои управуваат со продавниците, се присетија и ни раскажаа за предизвикувачкиот почеток и за развојот на бизнисот, чијшто сопственик е нивната мајка Виолета: Првата продавница е отворена во Волково, во 2000 година. Тогаш, родителите решија да отворат локална продавница од околу 15-20 квадратни метри. Со скромен сопствен буџет, тие почнаа работа, за која претходно немаа никакво искуство, вели Бојан.

Искуството и знаењето го стекнувале со текот на работата, во комуникација со купувачите и со доставувачите, напредувајќи чекор по чекор. Со текот на времето, локалната продавница станала премала, а пресвртот во фирмата настанал во 2010 година, кога подмладокот официјално и активно се вклучува во бизнисот. Првата продавница била префрлена на поголем простор во непосредна близина на првиот објект. На почетокот од 2013 година била отворена втората продавница во Волково, а во 2015 година и третата во Аеродром. Четвртата во Карпош, успешно работи речиси една година. Површината на четирите маркети е од 50 до 150 квадратни метри, а во нив денес работат вкупно 21 човек.

Најновата продавница на продажен простор од 100 квадратни метри, располага со асортиман од околу 5.000 производи. Токму широкиот асортиман, е еден од трите основни принципи на семејниот бизнис, а другите два се достапните цени и квалитетната услуга.

Даниел открива дека најмногу се продаваат т.н. киоск-производи – цигари, гуми за џвакање, ладни пијалаци: Во сите маркети имаме голем број ладилници, што е наша голема предност. Секогаш имаме голем избор на ладни пијалаци, а добро се продаваат и овошјето и зеленчукот...Тој додава дека секој маркет е поинаков, со свои купувачи, а во зависност од побарувачката, се формира и се збогатува и асортиманот.

„Ралекс" соработува со повеќе од 150 доставувачи и има писмен договор речиси со сите: Соработката ја градиме веќе 17 години. Добро сме им познати и мислам дека сме по добро познати, вели Даниел.

Во продавницата во Карпош, речиси сите купувачи се постојани – соседи и вработени во околината, а односот кон нив Михајлови го градат преку вработените: Компаниската култура не ни дозволува вработените да ги гледаме само како персонал. Тие се наши пријатели, со кои често се дружиме. Тие се лицето на компанијата, а тој опуштен однос се рефлектира и на односот кон купувачите, со насмевка вели Бојан.

Во околината на „Ралекс" има голем број од големите терговци, а Михајлови се трудат да ја искористат предноста да бидат поблиску до купувачите: Мислиме дека добро се снаоѓаме во борбата со големите, а купувачите го потврдуваат тоа со секојдневното пазарување. На нашата фејсбук-страница честопати добиваме позитивни пораки, кои нè инспирираат, вели Даниел.

Активноста на „Фејсбук", каде што ги пласираат акциите и промоциите, за Михајлови е новитет, со кој почнал и нивниот пилот-проект, наречен неделна акција: Селектираме производи што купувачите добро ги познаваат и заедно со доставувачите, правиме добра цена. Се трудиме промоциите да допрат до секој наш купувач и да привлечат нови, па затоа изработуваме и флаери.

Во однос на новите технологии, сите маркети „Ралекс" работат со најсовремениот принцип за малопродажба – целата стока што се прима преку ПДА-уреди (Personal Digital Assistant), кои директно ја евидентираат залихата во базата, се проверуваат цените и доколку има промени, веднаш се менуваат и се печатат нови.

Идните планови на „Ралекс" се доближување до повеќе купувачи: Внимателно ги одбираме локациите и го чекаме вистинскиот момент, но свесни сме дека идеални околности, никогаш нема да постојат. Волково има потенцијал, но немаме амбиција таму да го прошируваме бизнисот – таму сме веќе доволно застапени, открива Даниел.

На крајот од разговорот, Бојан упати мотивирачка порака до младите луѓе: Наместо да гледаме само како да се иселиме од Македонија, да се фатиме за работа и да ја направиме земјава подобро место за живеење, и додаде дека денес е многу полесно да се почне со сопствен бизнис, за разлика од порано, кога тешко се доаѓало до кредитирање на човек-фирма.


 
 
 
 
back to top