IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |  „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат  |   ||
   

Јуре Бојнец: Посветеност кон брендовите и страст кон иновациите

15.06.2017
 
Јуре Бојнец, регионален директор на „Цот" за Јадранскиот Регион

Разговараше: Марко Храстар, marko.hrastar@instore.si

Јуре Бојнец е регионален директор на млечната индустрија „Цот" (Zott) за Јадранскиот Регион. Управува со развојот на брендовите Zott на пазарите во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Македонија, Албанија, Косово, Грција и во Бугарија. Од 2009 до 2014 година бил раководител за производи од месо во месната индустрија „Кошаки".

Која е компаративната предност на „Цот" во споредба со неговата конкуренција, кога станува збор за мултинационалните компании? Каква е сопственичката структура и како тоа влијае на бизнисот? Кои (пот)категории производи се најзначајни за „Цот"? Имајќи голем број млечни производи, како решавате кои од нив се вистинските што треба да се изложат на полиците во одредени маркети?

„Цот" е независен семеен бизнис кој работи од 1926 година, со многу јасна посветеност кон своите брендови и со страст кон иновациите и кон напредокот. „Цот" е добро познат по своите производи со врвен квалитет во повеќе од 75 земји низ светот и тоа ни дава многу нови можости да се развиваме и да го шириме нашиот бизнис уште понатаму.

На многу пазари „Цот" е еден од лидерите во категориите овошен јогурт и млечни десерти. Секогаш внимателно ги истражуваме потребите на пазарот и навиките пред да влеземе на некој пазар со нов производ. Ние во „Цот" сме навистина горди со нашите најважни брендови.

Во послените години, многу интернационални брендови влегоа на македонскиот пазар, но тоа само ни дава дополнителна мотивација да примениме нови концепти и да лансираме нови производи на овој конкурентен пазар во годините што претстојат.

Нашиот бренд Monte ги покрива категориите млечни десерти, млечни пијалаци и снек-производи. Monte прераснува во светски бренд со својот уникатен вкус и со постојаната комуникација на брендот со нашите најпребирливи консументи – децата и со детскиот дух кај возрасните. Пред некоку години нашиот бренд го проширивме многу успешно и на сегментот снек-производи од млеко и ќе продолжиме со подем во овој сегмент од пазарот насекаде низ светот. Идната година ќе прославиме 20 години од лансирањето на Monte и можам да ветам многу изненадувања што ќе им ги приредиме на нашите консументи идната година.

Нашата Jogobella беше првиот бренд на овошен јогурт во регионот со големи парчиња овошје и веќе 20 години е присутен на пазарот. Во последните неколку години на пазарот беа лансирани многу производи-имитатори, но што се однесува на сегментот на овошен јогурт во чашки, нашата позиција во регионот ја зајакнуваме со многу нови вкусови и концепти, како Jogobella Koktajl и Jogobella Breakfast. Пред неколку години бевме првите што воведоа овошен јогурт со 0 отсто масленост.

„Цот", со Sahne Joghurt, е многу активен во сегментот на кисела павлака со многу иновативни вкусови што ги лансираме речиси секоја година. Оваа категорија е многу развиена, главно во Западна и во Средна Европа, бидејќи овие премиум производи имаат многу високи цени.

„Цот", со Zottarella, е еден од најголемите производители на моцарела-производи во Европа. За жал, овој пазар го движат приватните трговски марки, но во последните неколку години го надградуваме нашиот бренд во многу земји, вклучително и во Јадранскиот Регион.

Primo е нашиот бренд во категоријата на природни јогурти, кефир и слатка павлака. Имаме голем удел на пазарот во Средна Европа, но се стремиме овој бренд на свежи и природни производи да го прошириме и во сите други региони.

Пред неколку недели го лансиравме новиот бренд Milk Tiger, кој опфаќа премиум млечни производи за деца - без конзерванси, адитиви и без вештачки бои, а богат со калциум и со витамин Д. Ова е нашиот бренд за иднината, бидејќи во минатото не бевме силни во овој сегмент и веруваме дека сега ги имаме производите што ги комбинираат очекувањата во поглед на здравјето и еден забавен фактор во комуницирањето, кој на децата им се допаѓа.

Производите на „Цот" може да се најдат во 75 земји. Компанијата мора да е многу добро организирана во секторите на производството и на дистрибуција. Можете ли да ни објасните како работат овие две одделенија?

„Цот" има четири производствени комплекси, од кои два во Баварија и два во Полска. Во нашето седиште во Мертинген (Баварија, СР Германија) произведуваме широк асортиман јогурти, десерти, крем-производи и, секако, моцарела - „Цот" е еден од најголемите производители на моцарела во Европа.

Во фабриката во Гинцбург (Баварија) произведуваме сирење ементал, топено сирење и индустриско млеко во прав, сурутка и слатка павлака.

Во нашите две фабрики во Полска, покрај овошни јогурти и десерти, произведуваме и пијалаци од млеко и од јогурт, како и широк асортиман природни јогурти и кефир.

„Цот" има и подружници за продажба во Унгарија, во Чешката Република, во Словачка, Русија и во Сингапур. Се разбира, продажбата и дистрибуцијата треба да бидат добро координирани – нашиот синџир на снабдување и логистичките одделенија во нашето седиште се грижат интеракцијата меѓу производството и дистрибуцијата да се одвива непречено и да биде ефикасна во однос на трошоците.

Во кои земји „Цот" е активен со своите бизниси? Колку се големи неговите брендови надвор од Европа?

Нашите најголеми пазари се нашите водечки земји, Германија и Полска. Тие претставуваат речиси две третини од нашиот бизнис низ светот. Бизнисот во Азија е во процут, пред сè со производи во сегментот на храна за деца. Во Африка, исто така, ги продаваме нашите премиум производи на делови од населението што можат да си ги дозволат, ја следиме нашата стратегија на производи со премиум квалитет насекаде низ светот.

„Цот" има производствени капацитети само во Германија и во Полска, затоа што на тој начин можеме да одржиме контрола над премиум квалитетот, кој е заснован на високо квалитетно млеко. На нови пазари влегуваме само преку стратегија за дистрибуција и се потпираме на нашата продукциска основа во овие две земји.

Јадранскиот Регион има богата историја на секојдневно консумирање млечни производи. Кои се клучните елементи што треба да бидат присутни за „Цот" да влезе на некој нов пазар? Како дојде до тоа компанијата да влезе на пазарот во Јадранскиот Регион?

„Цот" има долга историја на јадранскиот пазар. Ние бевме една од првите западни млекарници што влегоа на пазарот со премиум овошни јогурти и со десерти пред повеќе од 20 години, кога овие категории сè уште не беа развиени. „Цот" влезе на пазарот со иновативни производи, како Jogobella и Monte, и развивме бизнис-врски со нашите партнери врз основа на високо професионално ниво и на планови на долг рок. „Цот" постојано воведува иновативни производи и нови концепти за консументите. Тоа е нашиот начин за влегување на нови пазари, дури и кога се монополизирани. Сакаме да бидеме тренд-сетери во категориите овошни јогурти и десерти од млеко.

Какво е Вашето мислење за потрошувачите, односно купувачите на различните пазари за кои сте одговорен?

„Цот" ја применува својата сратегија за премиум квалитети и за комуникации за брендовите на секој пазар, со мали прилагодувања, со оглед дека, барем во Јадранскиот Регион, потрошувачите во различните земји не се многу различни, како што, можеби, некој би очекувал. „Цот" секогаш цели кон потрошувачи што бараат премиум квалитет, уживање и, секако, децата, кај кои, исто така, се важни факторот забава и приврзувањето кон брендот.

Постојат некои интересни разлики меѓу северниот дел на Јадранскиот Регион и јужниот дел на регионот. Северниот Јадран се смета за заситен пазар, со многу значајна улога на локалните играчи и на некои интернационални актери. Овие пазари се поскапи, во смисла на лансирање и на огласување производи и е многу тешко да се победува на пазарот без добри концепти и инвестиции. Јужниот дел од Јадранскиот Регион, од друга страна, е многу чувствителен на цените, поради ограничената куповна моќ. Но, инвестициите во лансирањето проиводи не се многу високи и потрошувачите се честопати поотворени кон новитетите.

За „Цот" работам веќе четири години и можам да речам дека општата ситуација во регионот (политичка и финансиска) не е стабилна и секоја година е нов предизвик.

„Цот" постојано воведува иновативни производи и нови концепти за консументите. Тоа е нашиот начин за влегување на нови пазари, дури и кога се монополизирани. Сакаме да бидеме тренд-сетери во категориите овошни јогурти и десерти од млеко.

Кој е, така да се каже, задолжителниот асортиман од производите на „Цот" што треба да го има во средните продажни места со разновидни стоки, а кои многу се разликуваат од земја до земја во регионот?

Секоја средно голема продавница во регионот од нашиот стандарден асортиман во најмала рака треба да ги има производите Jogobella (4-6 вкусови) и, секако, нашиот асортиман од брендот Monte, кој е составен од нашиот млечен десерт (Monte Maxi и Mini), млечен пијалак (Monte Drink) и Monte Snack. Кон тоа би требало да се вброи и нашиот бренд за деца Milk Tiger со неговите производи (пудинг, кварк-сирење со овошје и снек-сирење). Нашиот асортиман би требало да се додаде и на полиците со категоријата сирење: во најмала рака палетите производи Zotarella, сирењето Emmenthal и топеното сирење на ливчиња.

Како ја оценувате моќта на приватните трговски марки во категоријата млеко и млечни производи во Јадранскиот Регион?

Кога станува збор за приватните трговски марки, има голема разлика помеѓу северниот и јужниот дел на Јадранскиот Регион. Во јужниот дел на регионот (Црна Гора, Македонија, Албанија и Косово), приватните марки не играат речиси никаква улога кога станува збор за млечните производи. Но, во северните делови на регионот, во некои категории, играат многу значајна улога, особено со присуството на дисконтерите во Словенија и во Хрватска. Во некои категории во Словенија уделот на приватните марки изнесува речиси 50 проценти од категоријата, што е голем опфат.

Како ја гледате иднината на развојот на прехранбените производи. Во кој правец, според вас, ќе се движат глобалните трендови?

За нас во „Цот" интересни за следење се неколку глобални трендови што се однесуваат на млечните производи: сè поголемата потреба за свежи производи на глобално ниво - локално производство или глобално производство со најсовремена опрема; сè поголемата потреба за уживање - иновации во нови производи и вкусови;

сè поголемата потреба за производи со гаранција за природноста и аспектот на здрава исхрана: помалку маснотии, помалку шеќери, без адитиви, без употреба на ГМО, итн.

МАКЕДОНИЈА

Кои се спецификите на бизнисот на „Цот" на пазарот во Македонија, а кои не се присутни на другите пазари во регионот?

Македонскиот пазар се менува во голема мера. Во последните неколку години многу нови конкуренти влегоа на пазарот и нашето работење е со голем интензитет проактивно, за да ни обезбеди лидерска позиција кај овошните јогурти и десертите.

Опишете ја конкуренцијата во категоријата млеко во Македонија и која е стратегијата на „Цот" за тој пазар?

Во Македонија сме присутни во сегментот на овошни јогурти и десерти и имаме пораст во последните години. Како лидер на пазарот ќе продолжиме да инвестираме во овој сегмент за да го искористиме во целост потенцијалот на пазарот. Во послените години, многу интернационални брендови влегоа на овој пазар, но тоа само ни дава дополнителна мотивација да примениме нови концепти и да лансираме нови производи на овој конкурентен пазар во годините што претстојат.


 
 
 
 
back to top