IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Јогурти, тврди и полутврди сирења, путери

14.10.2013
Истражување од регионот
 
Преглед на пазарот во Србија
 
Набљудуваните категории на производи: јогурт, тврдо и полутврдо сирење и путер, припаѓаат на широката група на млечни производи. Во периодот јули 2012 – јуни 2013 година, категоријата јогурт и путер остварија пораст во количеството, додека полутврдото и тврдото сирење забележаа количествен пад. Сите три категории забележаа вредносен пораст во набљудуваниот период. Вредносно растат дури и полутврдото и тврдото сирење, а една од причините за тоа се инфлаторните притисоци. Доколку ги набљудуваме релативните бројки, категоријата путер и вредносно и количествено има најголем пораст.

Категоријата јогурт ги опфаќа белите и овошните јогурти. Ова е производна категорија со најголема пенетрација; дури 98,7% од домаќинствата барем еднаш купиле јогурт во набљудуваниот период. Порастот на количеството од 6,8% е воден од порастот на водечките брендови, но и останатите придонесоа за вкупниот пораст на количеството во оваа категорија. Сепак, трговските марки забележаа пад на количеството, па според тоа и пад на пазарниот удел, што сега се наоѓа на нивото на просекот на стоката за широка потрошувачка. Уделот на топ 5 брендовите е стабилен во набљудуваниот период и изнесува 56,2%. Тоа се (според азбучен редослед): јогуртот ABT, Balans+, Dukat, јогуртот Kuč и Moja kravica. Доминантен сегмент во оваа категорија се белите јогурти, додека овошните јогурти и понатаму се релативно мал сегмент.

Тврдото и полутврдото сирење во набљудуваниот период забележаа збирен количествен пад од 2,9%. Забележан е вредносен пораст од 3,0%, пред сè како последица на инфлаторните притисоци и порастот на цените. Од топ 5 брендовите, 4 забележаа пад на количеството. Трговските марки во оваа категорија имаат пазарен удел што е значително над просекот на стоката за широка потрошувачка, но и тие забележаа количествен пад. Категоријата може да се набљудува фрагментарно, бидејќи топ 5 брендовите заземаат 34,5% од количественото учество. Тоа се (по азбучен ред): Biser, Imlek, сирењето Lazar, Milkop и Premia.

Околу 21,1% од домаќинствата во Србија, во набљудуваниот период купиле путер. Количествениот пад на путерот потекнува од водечките брендови и е резултат на релативно ниските стартни основи од минатата година. Трговските марки забележаа количествен пад и согласно на тоа и пад на пазарниот удел, но тоа е и понатаму над просекот за стока за широка потрошувачка. Пазарот е концентриран на 5 водечки брендови, од кои произлегува 82% количествено учество на путерот. Сепак, на пазарот не се присутни многу брендови – тие се помалку од 20. Водечките брендови се (според азбучен ред): путерот Biser, путерот Meggle, путерот Moja kravica, Premia и President.

Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore бр.11


 
 
 
 
back to top