IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

Иновативно купувачко искуство

16.09.2014

Во ИГД постојано ги следиме иновациите во малопродажбата низ целиот свет. Ви претставуваме три неодамнешни иновации дизајнирани да им го направат полесно купувањето на консументите со малку слободно време.

Автор: Холи Бачелор, сектор за иновации, ИГД

1.„Теско" нуди прв поглед во својата продавница на виртуелна реалност

„Теско" дебитираше со симулација на проектот продавница на виртуелна реалност, што ги носеше купувачите во 3Д-продавница. Продавницата користи т.н. „oculus rift" технологија што ги поставува купувачите во 3Д-продавница, каде што можат со движење на главата да ги истражуваат полиците. Таа беше претставена на Интернационалниот маркетинг-форум ТЦЦ во Берлин, но корисниците можеа само да се движат низ продавницата, а не и да избираат производи. Кинескиот онлајн-трговец „Јихаодијан" претстави сличен концепт во 2012 година, користејќи зголемена реална апликација што им овозможуваше на купувачите да ги истражуваат виртуелните продавници, да имаат пристап до промоции и да купуваат во апликацијата, со што мудро го однесе онлајн-купувањето во офлајн-светот, отворајќи илјадници продавници преку ноќ во клучните области.

Оваа технологија создаде маркетинг „баз" за „Јихаодијан", но не премина во продолжена понуда. Интерактивното решение на „Теско" им овозможува на купувачите целосно да навлезат во брендот – прашање е дали ќе еволуира во долгорочно практично решение за купувачите или ќе остане само маркетинг-алатка?

2.Автоматското купување доаѓа во Велика Британија

Автоматска продавница што нуди производи на оддалечени локации за среде работна недела звучи одлично! Слична на голем автомат, таа има богата палета на производи, со фокус на локалното производство. Продавницата е специјално дизајнирана со простор за деликатеси, како и за леб и јајца. За поголема практичност, купувачите можат да платат во кеш или со кредитна картичка, а можат и онлајн да погледнат што е достапно во продавницата, со тоа што автоматски ќе добијат е-пошта кога резервите се намалуваат. Имаме видено неколку концепти што на купувачите им нудат локално и практично, како што е „Хаббаб" – трговец од Лондон што се снабдува со производи од разни локални продавници. Замав земаа и напредните автоматски продавници – „Лореал" лансираше автоматска продавница за убавина што нуди персонализирани консултации за шминкање.

Според истражувањето „Шопер Виста", 76% од купувачите тврдат дека погодната локација е екстремно или многу важна за нивниот избор на продавница, со тоа што изборот на 58% од купувачите оди на основни продукти во текот на неделата. Автоматската продавница е едноставен и ефикасен начин да се понуди дополнителна практичност за купувачите, особено за оние на оддалечени локации со малку локални продавници.

3.„Волво" на повик: онлајн-купување донесено директно во вашиот автомобил

Последниот „изум" на произведувачот на автомобили „Волво" им овозможува на возачите да ја користат кабината на својот автомобил за да закажат практична и лесна достава или подигнување. Како дел од апликацијата „Volvo on Call", што им овозможува на луѓето далечински да управуваат со повеќе работи, како што е температурата, можат да се креираат „дигитални клучеви" што овозможуваат доставите да бидат до кабината на автомобилот, со тоа што возачот ќе добие експресно известување за тоа. Откако нарачката ќе биде доставена, дигиталниот клуч престанува да постои, со што се намалуваат грижите за безбедноста на корисникот. „Асда" неодамна имаше слична иницијатива – пробен проект „кликни и земи" на неколку подземни паркинзи во Лондон, чијашто таргет-група беа зафатените возачи и патници. Оттогаш многу други британски трговци, вклучувајќи ги „Вејтрос", „Теско" и „Амазон", почнаа со слични пробни проекти.

Попатните услуги, како што се „кликни и земи", брза достава и сандачиња со производи стануваат сè популарни кај купувачите што сакаат да заштедат време и да го сместат нивното купување во нивната дневна рутина. За трговците и за брендовите важно е да се фокусираат на тоа да креираат решенија за онлајн-купување што се лесни за користење и практични и што ќе носат секојдневни придобивки. Ова е интересен развој што ја носи кон совршенство нашата индустрија.


 
 
 
 
back to top