IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 13.12.2017 || „Марс“ е малцински сопственик на „Кајнд“  |  Аqua Viva со две глобални признанија  |  АХВ: Не се увезени небезбедни производи на „Лакталис“  |  „Хајнекен“ гради фабрика од 85 милиони евра  |  Храната за доенчиња Celia Expert 2 повлечена од пазарот  |  „Гомекс“ отвори маркет во Бајмок  |  Тони Балажич преминува во „Панвита“  |  Во „Амазон“ работат 120.000 роботи  |  Нова фабрика на „Ла линеа верде“ до крајот на годинава  |  Основан е Клуб на извозници  |  „Теско“ претстави вина со понизок процент на алкохол  |  Незначително намалување на цените на храната во ноември  |  „Ист оф Ингланд ко-оп“ ќе продава храна со поминат рок  |  Стопиран увозот на крекери и кекси од Србија и од БИХ  |  Агенцијата „Берин“ одбележа 25 години работење  |  „Конзум“ и хрватските доставувачи со заедничка акција  |  „Бимилк“ прославува 65 години  |  Деловни резултати на „Кофола“  |  „Оркла“ ја купува „Хелт анд спортс нутришн груп“  |  Октомвриски индекси на прометот во секторот трговија  |   ||
   

InStory: Развојниот пат на „Супер груп“

15.11.2017
 
Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk
 

„Супер груп" е основана во 1996 година, како мешовита компанија со странски капитал, која најпрвин се занимавала со трговија со (не)прехранбени производи. Со сопственикот, Туркер Дишо, кој е и главниот иницијатор да се почне со производство, разговаравме на неколку теми, поврзани со времето на почетоците, изградбата на фабриката, проширувањето на портфолиото, понатамошните планови и очекувања...

 

Транзиција низ годините

Многу добро се сеќавам и имам интересни спомени од почетоците. Тоа беше време кога се трудевме и баравме начини да работиме. Секој се обидуваше со сè и сешто, на секаков начин да (за)работи. За жал, многумина беа неуспешни. Веројатно промените во општеството, кои беа неплански, носеа и тешкотии, но, сепак, главните виновници беа нашето непознавање на трговијата и нејзината етика, се сеќава Туркер на состојбата на пазарот во последните години од минатиот век.

По „талкањето" како фирма, „Супер груп" нашла партнери и соработници за долгиот и трнлив пат. На инсистирање на Туркер, почнале делумно со производство, но, сепак, главниот бизнис останала трговијата. Беа неколку основачи и секој од нив бараше да ја пласира сопствената стока, додека мене, во главата постојано ми беше производството, вели тој.

Во 2000 година се откупени акциите на странските вложувачи и претпријатието почнува да работи со домашен капитал. Времето на транзицијата се одрази и на нас. Со партнерите, со кои и ден-денес соработувам, решивме со меѓусебен договор да ми го препуштат целиот бизнис, објаснува Туркер. Тој го презел и производството на маја и на алва, кое продолжило со брендовите Super Maya и Super Alva.

Истата година компанијата инвестира и во линија за печење сусам и во мелница за производство за таан и почнала да ги произведува и тие производи. Со таа одлука, фирмата прави голем чекор напред. На пазарот имаше простор, на кој го препознавме нашето место. Се поставивме со новите артикли, со кои бевме квалитетни и конкурентни, а преку локални фирми што имаа претставништва во поранешна Југославија, почнавме да извезуваме во Србија, Хрватска и во БИХ, како и директно во Косово, раскажува нашиот соговорник.

 Изградбата на фабриката во Пинтија траеше многу време и тоа беше тежок период за фирмата, но денешната состојба ни докажува дека правилно сме одлучиле.

Следува изградбата на новата фабрика во индустриската зона Пинтија (од 2003 до 2005 година). Го прашавме Туркер кои биле главните мотиви за тој инвестициски потег, а тој почна да ни раскажува: Вторпат бевме погодени од транзицијата, која индиректно влијаеше на нас и нè остави во безизлезна состојба. Тогаш се продаваа сите објекти под моделот приватизација. Нашата фирма беше под кирија во фабриката „Црвена звезда", која отиде под стечај. Моравме да се иселиме од местото. Иако имавме предност за купување, не бевме ни прашани...

Од фирма со вработени, која извезува и работи рентабилно, во тој момент, „Супер груп" станала фирма што не може да функционира. Поплаките немале ефект. По прекинот на електричната енергија, следувал и притисокот да се иселат. Тогаш мораше да ја донесам втората важна одлука – дали за најкратко време да се вселиме некаде и пак да користиме простор под закуп или да направам пресврт и да инвестирам во објект, во кој би се вдомил. Свесен бев дека втората опција би ме чинела многу, финансиски и временски, фирмата би трпела многу загуби – губење на пазари, организација и вработени, но би отворила нов видик и би ги отстранила понатамошните пречки, се сеќава Туркер. Паднала одлука да се изгради фабриката на 2.200 квадратни метри – Изградбата траеше многу време и тоа беше тежок период за фирмата, но денешната состојба ни докажува дека правилно сме одлучиле.

Кога го прашавме за бројот на вработените, Туркер со насмевка се расприкажа: Нормално, во наши услови секогаш почнуваме сами. Самиот си и работник и секретар и преведувач и технолог и дистрибутер и банкар, а ако не бидеш најдобар, никогаш нема да успееш. Како сопственици, принудени сме сите работи да ги работиме самите, а мораме да ја познаваме и проблематиката и да ја решаваме. На пример, кога си со банкар, мора да знаеш што е номинална и ефективна камата, бидејќи, во спротивно, постојано ќе ти биде сервисирана таа каматна стапка и на крај ќе биде многу повисока од реалната. Мора да знаеш математика најдобро и сите калкулации да ги правиш самиот за да бидат точни. Мора да си психолог, бидејќи ако не ги средиш релациите на вработените, тоа ќе го почувствуваш во работата. Со еден збор – џамбаз или на турски јазик, лице од циркус што изведува неверојатни акробации на коноп или со топки. Денес, во фирмата има околу 30 вработени и нашиот соговорник истакнува дека поради состојбата, тешкото сврзување крај со крај, тие не се 40-50.

Брендовите и производите немаат крај

Според Туркер, во моментот кога ќе се престане со новите брендови и вложувања, фирмата е осудена на намалување, што во денешниот глобален свет, значи и затворање.

Портфолиото на „Супер груп" се состои од три брендови со повеќе производи. Првиот е сириштето Super Maya, вториот е Super Alva и третиот – здравата храна Super vita, со неколку видови производи (ладно цедени масла, зрнести производи и органски производи).

На прашањето кој од производите му е „омилен" на нашиот соговорник, тој одговори: Како што еден родител не може да издвои кое дете најмногу го сака, и јас не можам да издвојам од производите smiley. Во секој производ се вложени време, труд и љубов. Ако ме прашавте кој ми е фаворит, тоа би била здравата храна, која полека, но сигурно ја подобрува својата позиција.

Веќе четири години, „Супер груп" работи и со органски производи – работа во која влегле многу ентузијастички, но резултатите досега не биле премногу охрабрувачки.За жал, нашиот народ сèуште не е научен на тие производи. Но, ќе ја продолжиме борбата, бидејќи една од целите на фирмата е народот да научи да консумира здрава и органска  храна, истакнува Туркер.

Поголем дел до суровините, „Супер груп" ги увезува, а дел ги купува од локалните трговци. Според Туркер, во денешно време, еден од најважните моменти во бизнисот е пакувањето, кое некогаш е дури и поважно од квалитетот на производот. Најпрвин производот се купува поради изгледот, а потоа се гледа внатрешноста. Исто како што се раѓа љубовта меѓу двајца – се избираат по изгледот, потоа се гледа карактерот и на крај доаѓа љубовта. Така и ние, се обидуваме да ги пласираме производите со љубов smiley, вели тој.

Во маркетите и во магацините низ Скопје и низ земјава, производите на „Супер груп" се присутни уште од почетоците, со сопствена дистрибуција. На нашето прашање како беа дочекани производите од трговците во земјава, Туркер вели: За да влеземе каде било, трошиме многу време и енергија. Но, потешко од влегувањето е задржувањето на позициите на полиците и на пазарот. Како предност пред конкуренцијата, тој го истакнува константниот квалитет и добрата цена на производите.

Туркер откри дека соработуваат и имаат заеднички проекти со други компании, најчесто за производство на приватни трговски марки. Како една од успешните соработки, тој ја спомена соработката со „Виталиа", односно производството на одредени производи под нивниот бренд, а во одредени моменти, и увозот е заеднички.

Според него, извозот е еден од најважните сегменти за една компанија, но и најтежок. Извезувавме уште од почетокот, но падовите во работата го направија своето – изгубивме пазари и позиции. Во последните три години, повторно поактивно го работиме извозот, односно извезуваме наши и други брендови во повеќе од 10 земји, вели тој.

 Годинава, „Супер груп" лансираше нова линија алви, барови и крокани, а најмалку уште 20 производи ќе излезат во текот на 2018 година.

Нови производи, планови, очекувања

Годинава, „Супер груп" лансираше нова линија алви, барови и крокани, како и многу нови пакувања, кои веќе се на пазарот. Најмалку уште 20 производи ќе излезат во текот на 2018 година, открива Туркер и додава дека следната година планираат да воведат уште две нови линии за производство: Тоа нека остане тајна засега smiley.

Од аспект на економската состојба во земјава, во следните неколку години тој не очекува премногу. За жал, сè уште државата нас, претприемачите, нè гледа најмногу како поткрепа за финансиските дупки. Потребни се луѓе со практика, кои суштински го познаваат бизнисот, а не само со теориски знаења, вели Туркер на крајот од нашиот разговор и заклучува: Но, тоа и не е толку лошо – тоа придонесува да стануваме сè посилни.


 
 
 
 
back to top