IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 27.04.2017 || Две недели до трговскиот настан на годината  |  „Лента“ ги објави резултатите од првиот квартал  |  Подобар дизајн на пакувањето за поголема конкурентност  |  Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Производите на „Подравка“ на катарските полици  |  „КМВ“ ја купи партнерската компанија на „Пепсико“ во Бугарија  |  „Меркатор“ заинтересиран за големите центри на „Конзум“ во БИХ  |  Пораст на продажбата на „Теско“  |  „Монделез“ инвестира во четири производствени линии  |  Х5 потпишува договор со Центросојузот  |  Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“  |  Уништено неисправно пилешко месо од Бразил  |  „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј  |  „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови  |  „Лидл“ - Хрватска ќе издава извештаи за прехранбените производи  |  Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар  |  Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Зголемен прометот во индустријата во февруари   |  „Волмарт“ укинува корпоративни работни места  |  Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“  |   ||
   

InStory: Развојниот пат на Рајска градина

13.04.2017
 

Хедонизам и здравје по пристапна цена

Приказната за Рајска градина, која била инспирирана од телевизиска емисија за готвење, почнува во 2007 година со зачини и со сув зеленчук. Во 2014 година, портфолиото на брендот се проширува со чаеви, а од 2015 година и со мусли и со корнфлес. Следната година, зачините добиваат и нова стаклена амбалажа. Со сопственичката Ленче Ристовска, која се грижи за набавка и за продажба, и со нејзината ќерка Бојана Ристин, која е одговорна за маркетинг, поразговаравме за инспирацијата и за почетоците, развојот на брендот, патот до полиците, за идните планови...

Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

 

Рајска градина – изобилство од билки

На почетокот од разговорот, Ленче ни откри дека идејата за почеток на бизнис со зачини била лично нејзина, инспирирана од една секојдневна ситуација:Гледајќи телевизиска емисија за готвење, во која секако се употребуваа зачини, почнав да размислувам за бизнис за трговија со зачини. Уште кога ми се роди идејата, некој внатрешен глас како да ми кажуваше дека сум на добар пат, вели таа и додава дека веднаш се зафатила со работа. Смислила стратегија и набргу формирала компанија, која денес освен со зеленчук и со суви зачини, се занимава и со пакување и со дистрибуција на семиња, суво овошје, чаеви, мусли и на корнфлекс. Иако името на компанијата е „Егзотик трејд", сепак потрошувачите ја препознаваат преку брендот – Рајска градина.

На почетокот, во работата биле вклучени само неколку членови од семејството, но како што компанијата се развивала, така се зголемувале и работните обврски и постепено се проширувал и тимот: Денес имаме десетина вработени, кои работат во производство, дистрибуција и во комерција, вели Ленче.

Речиси 90 проценти од суровините што ги користат, ги увезуваат, од причина што поголемиот дел од нив не се произведуваат во Македонија. Суровините ги увезуваме од ЕУ, со квалитет што е загарантиран со сертификати од Унијата, а сите знаеме дека таму важат строги правила. Пред една година, почнавме да увезуваме и органски продукти што не соджат ГМО, вели нашата соговорничка.

Засега, брендот Рајска градина не се извезува во други земји, бидејќи стратегијата на компанијата е најпрвин целосно да го покрие македонскиот пазар. Сепак, за понатаму, извозот во соседните земји, но и пошироко – е отворена опција.

Ја прашавме Ленче за моментот на пресврт во развојот на компанијата и за нејзината најзначајна одлука во работењето, на што таа одговори: Моментот на пресврт се случи минатата година во октомври, кога по девет години, успеавме да го прошириме асортиманот со голем број нови производи, а успеавме да ја прошириме и продажната мрежа со нови маркети во Скопје и во другите поголеми градови низ земјава. На најважната одлука што сум ја донела, не можам конкретно да се сетам, можеби сè уште не се случила smiley.

Конкуренцијата е поттик за постојано напредување,

а нашата главна конкурентска предност е пристапноста на цените,

кои се соодветни со стандардот на граѓаните. 

Пред да поразговараме со Бојана, ја прашавме мајка ѝ како наследничките се вклопуваат во приказната на Рајска градина и дали можеби е подготвена целосно да им ја препушти одговорноста во раководењето на бизнисот за неколку години. Ленче ни раскажа дека ќерките уште од средно училиште повремено биле вклучени во одредени активности, а кога завршиле факултет, и двете се вклучиле во работењето на фирмата: Транзицијата на второто колено во семејните фирми се разликува од компанија до компанија, а комплетното препуштање на одговорноста во раководењето зависи од повеќе фактори. Засега, предизвикот на помладата ќерка е да ги заврши магистерските студии, за подоцна да може целосно да раководи со маркетиншкиот и со комуникацискиот сектор. За поголемата ќерка, која е правник, веројатно предизвикот е да стекне што поголемо искуство во правото, за подоцна  да ја раководи правната служба.

На полиците на маркетите

Брендот Рајска градина на полиците во земјава се појавил во 2008 година и веднаш бил препознаен и прифатен: Трговците лесно нè прифатија како бренд, а одлично нèприфатија и потрошувачите. Една од причините за тоа, веројатно е тоа што бевме првата македонска фирма што се појави на пазарот со широка палета зачини и сув зеленчук, по пристапни цени, вели Бојана.

Производите Рајска градина се дистрибуираат од магацините со сопствени возила до соодветните продажи места, а за потрошувачите се достапни во повеќето големи синџири маркети како „Тинекс", „Рамстор", „Кам", „Стокомак", „Жито", „Зур" и во други маркети во земјава. Во ТТ-каналот, брендот е присутен во Битола, Прилеп, Охрид и во Струга.

Според Бојана, конкуренцијата постои, особено во делот на здравата храна, но, како што вели таа, конкуренцијата е „здрава" затоа што само на тој начин може еден пазар да прогресира: За нас конкуренцијата е поттик за постојано напредување – за проширување на асортиманот, но и за подобрување на квалитетот на производите. Како наша главна конкурентска предност би ја истакнала пристапноста на цените, кои се соодветни со стандардот на граѓаните.

Таа додава дека како и другите својства на производот, и пакувањето е еднакво важно. Доколку велиме дека производите што ги продаваме се со висок квалитет, а притоа не нудиме и квалитетна амбалажа, тогаш квалитетот може да остане незабележан на полиците во маркетите меѓу другите производи, кои може да изгледаат подобро, поубаво или повпечатливо. Од тие причини, одлучиле амбалажата кај сите категории производи да биде целосно транпарентна за купувачите да можат да видат што купуваат: Привлечноста на етикетите е во тоа што тие се едноставни и модерни. За нив се раководиме според девизата „Less is more", истакнува Бојана.

Портфолиото на Рајска градина, постојано се проширува. Под чадорот на брендот, од 2014 година се продаваат и шест вида чаеви – од мајчина душичка, коприва, камилица, нане, босилек и магдонос, од кои, последните три се органски. Од 2015 година, на полиците на маркетите се најдоа и муслите со суво овошје, корнфлексот и чококорнфлексот.

Континуирано додаваме по некој нов производ и се трудиме да ги прошируваме сите категории производи, при што настојуваме да го споиме традиционалното со модерното, вели Бојана.

Низ насмевка, таа ни откри дека нема свој омилен производ од палетата на Рајска градина, но има омилена категорија: Тоа се зачините, за кои сметам дека имаат висок потенцијал за развој. Едноставно, луѓето сакаат да уживаат во што повкусни јадења, а тоа најдобро се постигнува со употребата на зачини. Освен тоа, состојките во зачините благопријатно влијаат врз здравјето на човекот.

Разговорот го привршуваме со плановите што треба да се реализираат во текот на годината, за што Ленче вели: Ќе се концентрираме на зголемување на понудата од производи во маркетите, каде што сме присутни, но ќе работиме и на проширување на продажната мрежа со повеќе продавници во Скопје и низ целата земја.

Очекувањата се дека Рајска градина ќе го задржи нивото на продажба според куповната моќ на населението, а доколку се подобрат економските, социјалните и политичките услови во земјава, ќе се зголеми и нивото на продажба.


 
 
 
 
back to top