IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

InStory: Почетокот и развојот на брендот Здравка

15.08.2017
 
Разговараше: Данче Драгинова, danche@instore.mk

 Eкспертинг" од Прилеп успешно работи веќе 11 години. Од почетоците, основната дејност на компанијата се консултантски услуги за транспортно-сообраќајниот сектор во земјава и во странство, во делот на прехранбениот и на земјоделскиот сектор. Услугите се поврзани со безбедноста и со квалитетот на храната, имплементацијата на стандардите за безбедност на храната (системот HACCP), стандардите за безбедност и за квалитет на храна (ISO 22000:2005), консултантските услуги во органското производство (производство на растителни, животински производи и процесирани прехранбени производи), како и имплементацијата на серификациската програма Global G.A.P., која го опфаќа примарното земјоделско производство и активностите по бербата.

Од 2015 година, компанијата го проширува опсегот на работењето во делот на производството на здрава храна, односно го почна проектот „Здравка". За идејата за крекерите Здравка, почетокот и развојот, како и за пробивот во малопродажбата, новите производи, плановите и за очекувањата, поразговаравме со првиот човек на проектот – Габриела Стојаноска, дипломиран инженер-технолог, за прехранбено–биотехнолошко инженерство.

Вкусот потекнува од состојките

Идејата за проектот Здравка потекнува од потребата да им понудиме на потрошувачите природна и интегрална храна, која има одличен вкус, го почнува разговорот Габриела, со симпатичниот прилепски дијалект. Следејќи ги секојдневните потреби на модерниот човек, направивме здрави природни производи – интегрални крекери со куркума во прав и интегрални крекери со хељда, кои се базираат на овесни снегулки, интегрално пченично брашно, ленено семе и на интегрален сусам, вели таа.

Асортиманот на солениот крекер Здравка набргу бил проширен со два нови вкуса – крекери со семки од сончоглед и со семки од тиква, во кои главни состојки се интегралниот сусам и семките од сончоглед, односно интегралниот сусам, семките од тиква и зачинот буковец.

Во нашите производи вкусовите потекнуваат од состојките, односно производите не содржат додадени ароми и подобрувачи на вкус, истакнува Габриела и додава дека нивни доставувачи се домашните увозни компании.

Развојот на производите се одвивал во рамките на очекувањата, со неколку корекции во рецептурата. Производството почнало со минимална опрема во производствениот погон, а со текот на времето биле набавени и дополнителни машини и алати за олеснување на фазата за формирање на парчињата тесто. Работилницата за производство на пекарски производи, располага со површина од 70 квадратни метри.

Најзначајната одлука е отворањето на малата работилница, како дополнителна активност во нашето работење, со која за краток период, успешно ги воведовме интегралните и солените крекери на полиците за здрава храна.

Патот до полиците

Според Габриела, маркетите се преплавени од огромна понуда од големите увозници на прехранбени производи, со производи кои се покриени се скапи реклами, со добра амбалажа, за кои знаат дека лесно ќе се продаваат. Трговците биле скептични во однос на проширувањето на понудата за овој тип производи, особено од домашните производители.

Условите што ги нудат маркетите за малите производители се неповолни во однос на рокот на плаќање, како и за други специјални услови за малите македонски производители. Од друга страна, странските брендови и големите компании се во привилегирана позиција, бидејќи плаќањето им е веднаш или во разумен рок. Во овој дел, мислам дека е потребно македонските производители широко да се прифаќаат, бидејќи само на тој начин се поттикнува и нашиот развој и општиот развој на економијата во земјава. Тоа треба да биде главна задача на постојните комори, Владата, но потребна е и промена на менталниот склоп за синџирите маркети да им дадат шанса на македонските производители, вели нашата соговорничка.

 

Притоа, таа нагласува дека нивната соработка со малопродажните трговци, каде што се продаваат крекерите Здравка, е беспрекорна, бидејќи го пронашле начинот на кој ќе бидат еднакво задоволни од бизнис-соработката.

Откако оцениле дека се со добар вкус, потрошувачите и трговците почнале да ги препознаваат и да ги прифаќаат крекерите Здравка, без поголема промоција: Крекерите се добро прифатени од консументите на здрава храна, кои веќе почнаа да ги препознаваат во маркетите. На почетокот, продажбата ја почнавме во голем синџир маркети во Скопје и во неколку поголеми маркети во помалите градови, кои имаат побарувачка за здрави производи, а немаа толку ригорозни услови за почетници како нас, вели Габриела.

Според неа, во поглед на конкуренцијата во овој сегмент, нема голем избор на спакувани интегрални крекери со различни вкусови. На македонскиот пазар, присутни се една или две компании, кои во асортиманот имаат солени крекери со интегрални житарки, хељда и сл., но консументите сè повеќе ги бараат здравите и вкусни производи, односно грицките што потсетуваат на домашно приготвениот крекер.

Од пред два месеца, во продажба се пуштени четири нови безглутенски брашна, кои „Експертинг" ги меле на сопствена камена мелница. Од нив се истакнува брашното од наут, кое досега го нема на нашиот пазар.

 

Новитети и планови

Габриела открива дека планираат проширување на асортиманот крекери, веројатно до крајот на годинава или почетокот на 2018 година: Веќе се одбрани состојките за двата нови солени крекери, се работи на рецептурата...

Од пред два месеца, во продажба се пуштени и четири нови безглутенски брашна, кои „Експертинг" ги меле на сопствена камена мелница. Тоа се брашна од хељда, ориз, наут, како и безглутенскиот микс (хељдино, оризово брашно и компиров скроб), во пакување од 0,5 килограм. Нашата соговорничка особено го истакнува брашното од наут (легуменоза богата со растителни протеини), кое досега го немало на нашиот пазар .

Во периодот што следува, имаме во план да го прошириме асортиманот со нови вкусови на крекери и да го прошириме присуството на македонскиот пазар. Веќе имаме најава и за нарачка од странска компанија, со која остваривме контакт на меѓународен саем за храна, вели Габриела.

Како што се наближувавме кон крајот од разговорот, ја прашавме кој момент би го нагласила како пресврт во досегашното работење, односно која е најзначајната одлука што како компанија ја донеле, а таа кратко ни одговори: Отворањето на малата работилница, како дополнителна активност во нашето работење, со која за краток период од една и пол година, успешно ги воведовме интегралните и солените крекери на полиците за здрава храна.

Разговорот со Габриела го искористивме и да ја прашаме за новите трендови и за критериумите што ги наметнува модерниот консумент. Според неа, денешниот модерен консумент е добро информиран и има поставено високи критериуми за квалитет и за безбедност на производот што го купува. Ако сакаме да опстанеме на пазарот, тие барања мора да ги исполниме. Пазарот е динамичен и од нас бара брзо да реагираме за да бидеме присутни, заклучува таа.

 


 
 
 
 
back to top