IN STORE in your country:
|
|
![]() |
Македонија | Недела, 22.04.2018 | || | || |
InSight: Секој своја марка11.04.2018
Времето на приватните трговски марки доаѓа и тие сè повеќе стануваат дел од нашите животи и преференции при пазарувањето. Дури и да сме тотално отсутни кога пазаруваме, тие ќе нè најдат, дури и во нашите домови
Пишува: Васко Марковски, vasko@instore.mk Дури и да сме тотално отсутни кога пазаруваме, следејќи ги само визуелните сеќавања за производите на кои сме им лојални, или нивната местоположба во маркетите, има производи кои самите ќе нè најдат, дури и во нашите домови. Најпрвин, би можеле да се чудиме, кои се и од каде одеднаш се појавиле некои линии производи, од кои дури и петнаесетина би можеле да ве изненадат во бањата, но, набргу ни станува јасно сè, кога ќе го здогледаме логото на трговскиот синџир што стои зад нив, како гарант за квалитетот, иако името им е можеби непознато.
![]() Не би претерале ако впечатокот го сумираме со заклучокот дека времето на приватните трговски марки доаѓа и дека сè повеќе стануваат дел од нашите животи и преференции при пазарувањето.
Сè пошироко и сè повисоко Трендовите за присутноста на приватните трговски марки во продажните места, како и за насоките во кои се развиваат, укажуваат на голема динамика на пазарот.
Вестите јавуваат за пораст на нивниот удел во земјите каде што и досега биле на високо ниво, за постојана инвентивност во борбата за пазар. Од друга страна, купувачите претпочитаат да не купуваат брендирани производи поскапо, ако можат да купат производ со истиот квалитет, за значително пониска цена, а ако се дадени по акциски цени, нема да бидат заобиколени дури ни од најпребирливите.
Во споредба со брендираната стока, трговците заработуваат повеќекратно. Производите ги набавуваат по нарачка и по пониски цени, немаат трошоци за маркетинг, доволно е да им обезбедат подобри позиции во трговските објекти. За производителите тоа значи сигурен пласман, што им дава можност да понудат производи по пониски цени, растоварени од трошоците за промоција или за менаџирање на залихите.
Кошничката за пазарување на Старата дама Популарноста на приватните трговски марки низ Европа продолжува да расте. Минатогодишните податоци на агенцијата „Нилсен" покажуваат дека уделот на брендовите на трговските компании го достигнал највисокото ниво на сите времиња во девет земји во Европа.
Покажуваат јасно дека 2016 била уште една добра година за приватните трговски марки ширум Европа, дека продолжува долгорочниот тренд и се потврда за растечката доверба на купувачите кон производите зад кои стојат трговските компании, оценува Брејн Шароф, претседател на Асоцијацијата на производители на приватни трговски марки (ПЛМА).
Најголем пораст на уделот бил забележан во Австрија, втора е Германија, трета е Полска.
Уделот на приватните трговски марки е на ниво од или над 40% во седум земји во Европа: Велика Британија, Германија, Австрија, Белгија, Швајцарија, Шпанија и во Португалија.
„Фабриката Premia прави растур" Поглед кон соседството. Приватните трговски марки во Србија се присутни од средината на минатата деценија и се дел од понудата на сите поголеми трговски синџири. Според податоците за 2017 година, нивното учество во понудата на трговските синџири се движело од 15 до 20 отсто.
Се проценува дека во Србија во моментов работат повеќе од 140 производители на производи со приватна марка, дека шансата за нив е голема, но и предизвикот да ги исполнуваат највисоките светски стандарди за безбедноста на храната.
Загревање на моторот ![]() „Кам" е еден од попрепознатливите трговски синџири кога станува збор за работењето со приватни трговски марки во Македонија. Дел од нивното секојдневно работење се 21 трговска марка, со вкупно 195 производи. Асортиманот опфаќа повеќе од дваесетина категории производи, од кои поголемиот дел, покрај на пазарот во Македонија, се присутни во продавниците на „Кам" во Косово и во Бугарија.
Во редот на големите синџири, со повеќе од 300 производи, во 12 категории се присутни производите Extra T - приватна трговска марка на „Тинекс", повеќе од 60 производи брендирани како M производи на „Рамстор", главно произведени во Турција, како и неколку категории производи на трговскиот синџир „Веро". Забележително е и присуството на приватните марки на синџирот дрогерии „dm", вкупно 24, со повеќе од 3.500 производи.
Во игра на пазарот повторно се некогаш популарните производи Hedi’s, во моментов, десетина: чоко бар, бисквити, интегрално печиво, штрудла, течен детергент, средство за садови и омекнувач за алишта, леб...
Амбициозно работење на планот на приватните трговски марки покажува и синџирот „Жито", кој пласира 23 различни производи во пет категории под брендот Жито, а сè позабележливи се производите од приватната трговска марка 5ка, зад која стои сестринската компанија, „Супер 5-ка".
Трговската марка опфаќа околу 200 производи, од најразлични категории. Нашата генерална стратегија е да го одбираме најдоброто, од сите категории, и да им го направиме тоа достапно на купувачите, вели Далибор Ѓошевски, генерален извршен директор на „Жито" и на „Супер 5-ка".
Нивната амбиција, како што вели, е „Супер 5-ка" да израсне во производител препознатлив како генератор на приватни трговски марки и да го достигнат нивото да пласираат приватни трговски марки и пошироко од македонскиот пазар. Задоволни – сите? Придобивки од приватните трговски марки, според инволвираните во бизнисот од двете страни на медалот, се повеќекратни, за секого: намалени, речиси сосема редуцирани трошоци за маркетинг, подобар квалитет за подостапни цени за купувачите, подобро контролиран профит за трговските компании. Најтешката одлука е пред производителите со етаблирани брендови. Да ризикуваат да им наштетат на брендовите што ги граделе со години и да произведуваат за трговците, или да продолжат по старата патека? |
|