IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

ИГД: Сфаќање на можностите на IoT

16.10.2017

Начините на кои IoT (Internet of Things, интернет на нештата) ќе го револуционизира бизнисот, односно поконкретно, синџирите за достава – се многубројни 

Автор: Крис Ајриш, менаџер за анализа на синџири за достава, ИГД

Неодамнешниот извештај на ИГД анализира како IoT создава врски, ги нарушува догмите и како повторно осмислува вредносни хипотези за начинот на понатамошно одвивање на работите. Во извештајот, поддржан со меѓународна анкета и од експерти (од различни компании – од големите мултинационални, до стартап-компании), е направена листа од девет точки, со кои се прогнозира еволуцијата и влијанието на IoT врз синџирите за достава.

Потребно е да се погледнат само неколку статии и ќе се препознаат бројни гледишта за тоа како IoT ќе се развива. На пример, проекциите за бројот на поврзани уреди варираат од 28 милијарди до 2021 година*, до 100 милијарди до 2025 година**, со безброј проценки меѓу нив. Јасно е дека сите проекции не се прецизни.

Резултатите од истражувањето на ИГД откриваат дека патот до тие милијарди поврзани уреди е многу долг. Вистина е дека 37% од прехранбените компаниите тестираат или веќе успешно развиваат IoT-производи и услуги, а уште 58% планираат да ја зголемат употребата на технолошки провајдери, кои ќе им помогнат да ги искористат можностите на IoT. Наместо да го прогнозира бројот на IoT-уредите, истражувањето на ИГД се фокусира на разбирањето на факторите што понатаму ќе влијаат на развојот на IoT. Тоа значи движење подалеку од возбудата и од бучавата на секојдневната реалност, за да се разбере како IoT ќе се вгради во нашите животи. Вредноста што IoT може да ја донесе, а е суштински поврзана со обемот, односно потенцијалот за трансформација неизбежно се зголемува колку повеќе го прифаќаме. Но, за да го сториме тоа, мора да ја видиме вредноста.

Прогнозите на ИГД се организирани според тоа на кого се однесуваат, како и според нивната улога во поголемата слика за развој на IoT. Практично, тоа значи создавање матрица, која се базира на консументот и на синџирот за достава, но и на поширокото влијание на бизнисот, т.е. дали хипотезата е зависна или служи за создавање врски, дали ги нарушува постојните начини на работа или им помага на бизнисите да најдат нови, иновативни начини за извршување на работите.

Со употреба на сензори на производите, компаниите ќе можат да добиваат повратни информации од потрошувачите во живо.

Деветте прогнози се:

1.     IoT ќе ги зголеми можностите за персонализација на производите и на услугите, а ќе помогне и во зголемувањето на очекувањата во оваа област. Зголемената персонализација би можела да ја зголеми продажбата, но пред сегашните синџири за достава ги отвора предизвиците околу фрагментацијата и пониските економии на обем.

2.     IoT ќе им овозможи на синџирите за достава да имаат зголемена видливост, што значи дека компаниите ќе имаат повеќе можности за надворешна соработка. IoT има потенцијал да ги уништи комуникациските пречки преку создавање врски и транспарентност низ целиот синџир.

3.     Компаниите повеќе ќе се свртат кон провајдерите што нудат експертски услуги и анализи, односно кои ќе им помогнат да ги реализираат можностите на технологијата IoT. Користењето на услугите на провајдерите може да ги намали капиталните инвестиции на компаниите, но ќе ги направи бизнисите поагилни и ќе ја поттикне конкуренцијата и иновациите на пазарот.

4.     Загриженоста за приватноста од споделувањето на личните податоци нема да биде најголемата пречка, бидејќи луѓето се навикнаа да ги споделуваат податоците, под услов ако имаат придобивки од тоа. Интернетот и социјалните медиуми веќе поставија нови правила, кои треба да бидат лекции за IoT. Компаниите мора да ги убедат корисниците дека се доверливи, односно дека ќе обезбедат сигурност на личните податоци.

5.     Прогнозите ќе бидат конструирани од индивидуалната побарувачка на потрошувачите преку реагирање и обликување настани во реално време, со директна видливост на влијанието. IoT радикално ќе го промени традиционалниот бизнис-пристап за прогнозирање, со тоа што на бизнисите ќе им донесе попрецизни податоци за работа. На пример, со употреба на сензори на производите, компаниите ќе можат да добиваат повратни информации од потрошувачите во живо.

6.     Доминантни ќе станат нови бизнис-модели, засновани на услуги и на претплати, кои ќе го забрзаат реструктурирањето во индустријата. IoT ќе помогне да се катализира промената, дејствувајќи како основа за услугите создадени од производството на нови врски, видливоста на ниво на потрошувачите и персонализираниот ангажман.

7.     Потрошувачите нема директно да плаќаат повеќе за постојните производи да бидат оспособени преку IoT – технолошките компании и малопродажните трговци ќе треба да откријат нови начини за создавање сопствена вредност од генерираните податоци. Создадената вредност ќе лежи во понудата на дополнителни услуги за производот на потрошувачите, но истовремено, и во внатрешната ефикасност што се испорачува преку генерираниот увид.

8.     IoT ќе ја забрза автоматизацијата и вештачката интелигенција, ќе ги направи поефикасни и ќе ги промени можностите и ресурсите што се потребни во синџирите за достава, но ќе го зголеми ризикот на ранливост од пад на системот или од хакерство. IoT ќе им обезбеди „очи и уши" на многу други технологии, кои ќе можат да го искористат богатството од информации што автоматски се стекнуваат.

9.     Нема да постои иновација во IoT што ќе ја „промени играта", но акумулацијата на апликациите постојано ќе го зголемува користењето, сè додека неговата сеприсутност не резултира со трансформациски промени. Колку повеќе оспособени уреди постојат на пазарот, толку помоќен ќе станува и IoT. Стандардите или интерфејсите ќе бидат клучни за промовирање на соработката меѓу компаниите.

Истражувањето на ИГД е дополнето со извештај, кој истражува студии на случаи и врз основа на резултатите, предлага соодветни примени. Генерално, тие може да се категоризираат на начини, од кои синџирот за достава може да има корист од развојот на IoT:

·         Користење врски за поголема ефикасност, донесување попаметни одлуки или за поврзување на посебните уреди;

·         Користење врски за собирање податоци од потрошувачите или за да им се обезбедат потенцијално корисни информации.

Околу 37% од прехранбените компаниите тестираат или веќе успешно развиваат IoT-производи и услуги, а уште 58% планираат да ја зголемат употребата на технолошки провајдери, кои ќе им помогнат да ги искористат можностите на IoT.

Примерите вклучуваат уред, развиен од Швајцарската федерална лабораторија за наука и технологија на материјали (EMPA), кој изгледа како парче овошје и делува како парче овошје, но всушност е шпион*** што ја мери температурата во товарните контејнери. Иако и досега беше вообичаено товарните контејнери што превезуваат производи да ја мерат температурата на воздухот, тука станува збор за температурата на срцевината, односно на јадрото на секој поединечен плод и способноста таа да се одржи, што е од клучно значење за одржувањето на квалитетот. Ненаметливото „сензорско овошје" го симулира составот на овошјето и собира податоци за температурата за време на транспортот. Уредот сè уште не е способен безжично да пренесува податоци, но тоа би бил следниот логичен чекор.

Постојат многубројни придобивки од користењето на тој уред. Малопродажните трговци и потрошувачите ќе имаат корист од свежината на производите, детални информации за транспортот, а ќе се намали и расипувањето. Постојат и други придобивки, со кои станува очигледна вредноста што ја нуди IoT. Всушност, решението е развиено првенствено за сигурност, односно да им овозможи на купувачите да разберат каде се појавил проблемот при транспортот на производот. Од друга страна, компаниите може да ги искористат добиените податоци за понатамошното работење, да донесат одлуки за идни соработки со трговските партнери...

Истражувањето на ИГД потврдува дека во малопродажба се појавува нова епоха – дигитална, поврзана и персонализирана, обликувана од технологијата и од потрошувачот. IoT му помага на синџирот за достава на храна тоа да го оживее и да има прецизен увид на ниво на консумент и производ, овозможувајќи ефикасни решенија што се соодветни на потребите и создаваат вредност низ целиот синџир.

____________

*Global Connectivity Index 2016, „Хуавеј"

**Mobility Report 2016, „Ериксон"

***www.empa.ch/web/empa/sensing-fruit



 
 
 
 
back to top