IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

ИГД: Седумте најдобри мали формати на продавници во Европа

09.08.2016

Во повеќе европски земји, малите продавници се брзорастечки канал за продажба, за што најмногу придонесуваат порастот на богатството, брзата урбанизација и помалите домаќинства. Прочитајте кои се најдобрите седум трговци и по што тие се разликуваат од конкуренцијата.

Автор: Кешија Валвин, интернационален малопродажен аналитичар, ИГД

1. „Лидер прајс експрес" на „Казино", Франција

„Казино" го лансираше форматот „Лидер прајс експрес" во 2014 година, како екстензија на дисконтниот банер „Лидер прајс". Целта на трговецот беше да обезбеди франшизи на форматот што целосно ќе ги задоволат потребите на купувачите.

По што се истакнува?

Со продавници на површина од 75 до 300 квадратни метри, целната група на „Лидер прајс експрес" се урбаните купувачи. Продавниците нудат голем избор, од 1.800 до 2.900 производи, а во согласност со филозофијата на „Лидер прајс", повеќе од 80 отсто од асортиманот го сочинуваат приватните трговски марки.

Овој формат му помага на „Казино" да има поголем удел во растечкиот тренд на „продавниците во близина" и да го зголеми присуството на централните локации во градовите, каде што стандардните „Лидер прајс" не би функционирале.

Едноставниот изглед на „Лидер прајс експрес" се вклопува во приоритетите на „Казино" – атрактивен изглед и релативно мала големина, каде што потрошувачите го минимизираат времето поминато во продавница.

2. „Мигрос", Швајцарија

Во 2012 година, „Мигрос" почна да работи со новиот концепт – „Мигрос експрес". Засега, три продавници функционираат на најпрометни локации, во близина на железничките станици, чијашто целна група се вработените кои секојдневно патуваат на одредено растојание.

По што се истакнува?

За разлика од поголемите продавници на трговецот, „Мигрос експрес" се отворени секој ден, освен во недела. Исто така, некои од нив имаат и подолго работно време.

Услугата за самонаплата на купувачите им дозволува да ги скенираат купените производи, што е дополнително практично за форматот да се справи со голем број купувачи во најпрометните делови од денот.

Продавниците располагаат со избор од топли и ладни оброци за носење, свежи производи, како и други конвенционални производи што може да се најдат во маркетите, по конкурентни цени.

3. „Шпар", Холандија

„Шпар" – Холандија функционира преку франшизи, кои на сопствениците им овозможуваат водење и развивање на поединечни или групи на продавници.

Моделот на франшиза овозможува голема флексибилност. Една таква форма на продажба се форматите на универзитетските кампуси, чијшто главен дел од асортиманот го сочинува храната за носење.

По што се истакнува?

Форматите „Шпар јуниверсити" се фокусирани да одговорат на потребите на студентите со „храна за сега" (food-for-now) и „храна за подоцна" (food-for-later). Тие обично зафаќаат површина од 120 квадратни метри, каде што се пакуваат голем број производи на релативно мал простор.

Практичноста е максимална во овие формати на продавници, а употребата на картички, овозможува голем број купувачи да бидат услужени брзо во најпрометните периоди од денот.

Иако во „Шпар јуниверсити" нема широк асортиман, снабденоста е импресивна. На сопствениците поважно им е кои производи да ги донесат, отколку да бидат застапени сите категории.

4. „Ко-оператив фуд", Велика Британија

„Ко-оператив фуд" е најголемиот кооперативниот бизнис во светот, а со неговата работа во трговија со храна, се стреми да стане лидер на британскиот пазар за малопродажба во помали формати.

По што се истакнува?

„Ко-оператив фуд" ги слуша промотивните желби на потрошувачите и повеќе им нуди EDLP-промоции (Everyday low price), отколку hi-lo (High–low). Минатата година година беа вложени 160 милиони евра во ценовните стратегии. Тоа особено беше видливо во производството и во понудата Fresh 3, фокусирана на овошјето и на зеленчукот.

Асортиманот во „Ко-оператив фуд" е поедноставен, но тој гарантира дека сите производи имаат додадена вредност и ја развиваат категоријата. Во центарот на вниманието е „локалното", а набавката е поврзана со локалните доставувачи.

5. „Жапка", Полска

„Жапка" е најголемиот трговец на мали формати во Полска. Функционира преку повеќе од 3.500 продавници, лоцирани во градови со повеќе од 200.000 жители.

По што се истакнува?

„Жапка" почна брзо да ја проширува мрежата продавници благодарение на истражувањето на можностите на каналот – услуга на храна.

„Жапка кафе" е еден од подобрите негови концепти, каде што трговецот нуди асортиман од „храна за носење", како што се сендвичи, хот-дог, тортиљи, панини, како и топли и ладни пијалаци. Со одличните оброци, трговецот нуди дополнителна вредност, која го издвојува од конкуренцијата, како што е на пример, „Карфур експрес".

6. „Бон ап!" на „Карфур", Франција

Еден од најновите формати на „Карфур", кој е наменет за урбаните центри на градовите – „Бон ап!", почна со работа на почетокот од 2015 година. Неговата целна група се купувачите во движење во малите продажни области.

По што се истакнува?

„Бон ап!", продавница за грицки и за храна за носење од 100 квадратни метри, ја промовира приватната трговска марка на „Карфур" – грицките bon app’, која беше лансирана во 2013 година.

Асортиманот на продавницата вклучува сендвичи, салати, суши, како и пијалаци, смрзната храна и свежо печен леб. Исто така, збогатен е и со најновите дополнувања на премиум марката bon app’ l'envie du jour.

„Бон ап!" е формат на „Карфур", кој е конкурентен со „Монопри" на „Казино". Со конвертирањето на продавниците „Диа" годинава, ако се покаже успешен, „Бон ап!" може брзо да се развива.

7. „Мигрос Турк", Турција

„Мигрос" е еден од водечките трговци во Турција, кој работи со мултиформатна стратегија и со повеќе од 1.400 продавници. Банерот „МЈет", кој почна да работи во 2010 година, до крајот на минатата година веќе имаше повеќе од 465 продавници.

По што се истакнува?

На пазарот, каде што дисконтерите „БИМ", „A101" и „Шок маркет" ги диктираат очекувањата и вредностите на малопродажбата, различниот формат одигра клучна улога за „Мигрос". „МЈет" ја имаше таа улога, што придонесе за овој формат на мали продавници да стане најбрзорастечки канал, со најголем промет и обрт.

Една од најголемите тајни за успехот на „МЈет" е во неговата способност да ја приспособи понудата во согласност со локацијата на продавницата.

Поглед нанапред

Како што каналот на малите продавници продолжува да се развива, се чини дека е неизбежно и други трговци да влезат во него. Со зголемувањето на конкуренцијата низ целиот континент, ќе биде интересно да се следат елементите на диференцијација што трговците ќе ги понудат.

Постојат можности за развој на двете страни од пазарот – и за премиум продавниците и за дисконтерите, додека другите ќе настојуваат да се разликуваат врз основа на локацијата и на демографијата.

 



 
 
 
 
back to top