IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |  „Витаминка“ изложува на саемот Worldfood Москва 2018   |  „Бовин“ прослави две децении постоење   |   ||
   

ИГД: Продавници без персонал

20.12.2017
 

Дигиталниот напредок на физичките продавници оствари револуционерни достигнувања со продавниците без персонал, кои се појавија како последица од промената на начинот на купување и од начинот на кој брендовите комуницираат со потрошувачите.

Автор: Тоби Пикард, сениор аналитичар за иновации и за трендови, ИГД

Изминатата година, експертскиот тим на ИГД посети повеќе од 700 продавници во повеќе од 50 земји, за да обезбеди сеопфатен увид во малопродажната индустрија и да ги идентификува клучните трендови што се очекува да превладеат. Трендот што особено е доминантен во 2017 година, е тоа што физичката продавница станува сè повеќе дигитално достапна, користејќи трансформативна технологија за дигитално да ги унапреди продавниците, кои веќе не мора да имаат персонал што ќе работи на одредени функции.

Според прогнозите, се очекува физичките продавници сè повеќе да ги вклучуваат и да експериментираат со новите дигитални технологии, за да ја обезбедат релевантноста и конкурентноста во денешниот дигитален свет. Дигиталниот напредок на физичките продавници годинава оствари револуционерни достигнувања со продавниците без персонал, кои се појавија како последица на промената на начинот на купување и на начинот на кој брендовите комуницираат со потрошувачите.

Во продолжение, се претставени главните теми што произлегуваат од трендот „продавници без персонал".

Само за членовите

Повеќе постојни продавници без персонал бараат од купувачите претходно да преземат одредена апликација или да се регистрираат кај трговецот. Досега, универзалниот начин за пристап до тие продавници е преку паметните телефони, кој на трговците им овозможува значајни податоци и увид во купувачките навики на потрошувачите. Ако се користи правилно, тој увид може да помогне за изградба на цврста лојалност на купувачот.

Доминантниот тренд годинава е претворањето на физичките продавници во дигитални, со помош на трансформативната технологија.

Мали формати продавница

Тимот на ИГД забележа дека засега, најнапредните дигитални технологии се достапни само во малите продавници. Сепак, многу е веројатно дека голем дел од тие најуспешни иновации на помалите формати продавници ќе бидат имплементирани и во поголемите продажни објекти. Првично, се очекува да се види како тоа ќе се одрази на подобрувањето на системот за наплата во поголемите формати на продавници.

Ниски оперативни трошоци

Тие продажни објекти од помал формат, кои се дигитално оспособени, би можеле да им ја дадат насоката за нискобуџетност и на т.н. „погодни продавници" (convenience stores). Тоа ќе ги направи погодни и за исклучително оддалечените локации и за локациите во густо населените места, каде што луѓето сакаат да имаат пристап до производите за широка потрошувачка 24 часа на ден, седум дена во неделата.

Брендовите би требало да размислат за тоа какви импликации би произлегле ако продавниците од поголем формат ги воведат сличните технологии, како и да размислат на кој начин целата категорија и производите може да се приспособат кон промените што се случуваат.

Тестирање, учење, подобрување и спроведување

Ниту еден од примерите што ги идентификуваше ИГД во оваа област, не е завршен процес. Поголемиот дел од продавниците сè уште се во фаза на бета-тестирање, односно услугите се достапни само за вработените. Сепак, откако малопродажниот трговец ќе го идентификува тоа што смета дека е најдобро во технологијата, веројатно ќе се обиде да го имплементира во повеќе продавници, со што ќе ја зацврсти лојалноста на купувачите.

Вештачка интелигенција и машинско учење

Со користење вештачката интелигенција и машинското учење, малопродажните трговци може постојано да се подобруваат. Тие системи учат како да се насочи и да се обработи огромното и сложено количество од податоци за да се направат прецизни нарачки. Тоа може да ја подобри достапноста на производите на полица и да осигури прецизност дека продавницата е снабдена со вистинските производи.

Успехот ќе се постигне под водство на идеите што произлегуваат од визионерите, а за да бидете вистински визионер, треба да размислувате долгорочно и да гледате во иднината.

Беспрекорна наплата

Малопродажните трговци експериментираат со бројни алтернативи за традиционалните методи за плаќање. Доколку брендовите ги искористат предностите од собраната база податоци за однесувањето на купувачот во продавницата, за одредени категории, тоа може да отвори многубројни нови можности. Сепак, кај импулсивните категории, кои најчесто се лоцирани на наплатните каси, се јавуваат нови предизвици.

Релевантни пораки

За потрошувачите, кои потенцијално трошат помалку време во продавницата, етикетите со видеозаписи на полиците, имаат потенцијал да ја зголемат нивната поврзаност со брендот. Со тие видеоинсталации, трговците и брендовите можат да ги охрабрат корисниците да ги пробаат новите производи и да го направат купувањето поимпулсивно.

Паметни телефони

Паметните телефони се неопходна алатка за пристап до поголемиот дел од продавниците без персонал. Малопродажните трговци и брендовите би можеле да го искористат тоа што  купувачите сè повеќе ги користат телефоните и да создадат персонализирана комуникација и интеракција со нив, бидејќи голема е можноста да влијаат врз одлуките што ги носат во моментот на купувањето.

Што е следно?

Подготвеноста за идни можности е од клучно значење за секој бизнис. Сепак, со сите нарушувања и несигурности што се случуваат денес низ светот, разбирливо е дека бизнисите ќе бидат фокусирани или само на следниот квартал или најмногу на следните неколку години. Без оглед на тоа, веруваме дека успехот ќе се постигне под водство на идеите што произлегуваат од визионерите, а за да бидете вистински визионер, треба да размислувате долгорочно и да гледате во иднината.


 
 
 
 
back to top