IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || „Таргет“ се вклучува во ценовната војна  |  Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |   ||
   

ИГД: Иновативноста на Северот

16.06.2017

Трговците се фокусирани на развој на интернет-стратегиите, погодноста, пресретнувањето на потребите на потрошувачите, порастот на органската продажба и на придобивањето на лојалноста на потрошувачите

Автор: Хариет Коен, сениор аналитичар за малопродажба, ИГД

1. Интернет: експанзија, аквизиции, иновации и договори

Темпото на развој на интернетот во Нордискиот Регион се забрзува – некои од трговците продолжуваат да ги прошируваат постојните услуги, додека други ги активираат тие услуги првпат.

Шведска

Синџирот ИЦА ја заокружи 2016 година со 204 интернет-продавници, односно за 35 отсто повеќе во однос на 2015 година. „Аксфуд" планира значително да го зголеми бројот на локации што ќе нудат е-услуги. Во меѓувреме, „Кооп" – Шведска, ја подготвува втората продавница од форматот наречен „dark store" (продавница во сенка), односно хибриден формат од традиционална продавница и складиште за нарачки преку интернет.

Норвешка

До неодамна, развојот на е-трговијата во голема мера беше управуван од виртуелните платформи kolonial.no и marked.no. Минатата година „Норгес групен" почна со електронски услуги во супермаркетите „Менју", а потоа и во „Шпар". Конкурентите на „Норгес групен" сè уште не почнале со свои услуги на интернет, иако дисконтерот „Рема 1000" има удел од 10 отсто во kolonial.no.

Данска

Во април минатата година „Кооп" – Данска промовираше нова интернет-продавница, Coop.dk Mad, која нуди 8.000 различни производи и достапни цени за испорака. Годинава, „Данск супермаркт" лансираше нова интернет-цвеќарница – flowr.dk.

Финска

Лидерот на пазарот – „С груп" објави пораст на интернет-продажбата за 45 отсто во 2016 година, иако обемот на продажба сè уште е релативно мал.

ИЦА ги доставува производите директно во фрижидерот на купувачот

Иако интернет-трговијата на мало во нордиските земји е помалку развиена во споредба со западноевропските, трговците интензивно работат на иновативни решенија за испорака. Минатата година, ИЦА соработуваше со компанијата за дигитални брави „Глу" и со шведскиот државен поштенски сервис на проект за достава на производите директно во фрижидерот на купувачот, без разлика дали тој е во домот. Во меѓувреме, kolonial.no експериментираше со испорака со автономни возила во Норвешка.

Економичното решение „Виго" на „Рема 1000" – Данска

Благодарение на развојот на т.н. економија на соработка, „Рема 1000" – Данска го разви решението „Виго". Купувачите може да изберат од повеќе од 1.000 производи преку апликацијата Rema 1000 и ќе ги добијат нарачките од 8 до 21 часот. Пред да почне со реализацијата на тој проект, трговецот ангажираше луѓе кои ќе ги испорачуваат производите. Тие се платени во зависност од обемот на стоки што ќе ги достават, што е во согласност со моделот на ниски оперативни трошоци на компанијата, која не вложува значително за целосна интернет-услуга.

За да научат нешто повеќе, трговците склучуваат и надворешни договори со луѓе со искуство, кои не се од малопродажната индустрија. Како резултат на еден од тие договори e функцијата главен директор за дигитализација во ИЦА, на која дојде Питер Мулд, кој претходно беше шеф на информативниот оддел и потпретседател за дигитална трансформација во САС (Скандинавиан аирлајнс систем).

2. Погодност: аквизиции и нови формати на продавници

Во 2016 година, вториот по големина трговец во Финска – „Кеско", доби условно одобрение за спојување со „Суомен лахикаупа". Аквизицијата го направи „Кеско" најголемиот трговец во земјата според бројот на мали продавници, што е во согласност со неговата стратегија за зголемување на мрежата „продавници во соседството".

 

Новиот банер „Лила кооп" во Стокхолм

Во соседна Шведска, „Кооп" ги преструктурираше постојните формати под три нови банери и од неодамна го лансираше новиот – „Лила кооп", кој освен во Стокхолм, ќе се прошири и низ целата земјата во текот на годината.

3. Во пресрет на потребите на купувачите: градови, туристи и различни животни стилови

Генерално, малопродажните трговци воведуваат потаргетирани концепти, за подобро да задоволат различни потреби на купувачите.

Во Копенхаген, „Данск супермаркт" инвестираше во мал концепт на продавница, фокусиран на потребите на урбаните купувачи – „Фотекс фуд". Ја посетивме новата продавница и бевме импресионирани од големината на асортиманот, способноста да се исполнат повеќе потреби на купувачите, односно од целокупниот изглед и од чувството.

Таргетирањето на туристите, исто така, е приоритет. Во Финска, „Кеско" воведе нов концепт „Несте К", за да им овозможи супериорно искуство на луѓето што патуваат. Продавниците се дизајнирани од „dSign Vertti Kivi & Co", а за менијата се погрижи прочуениот локален готвач Пека Терава. До крајот на годината, сите продавници „Несте К" ќе бидат реновирани во согласност со новиот концепт, а трговецот има амбиција во иднина да создаде мрежа од стотина продавници од тој тип. И конкурентот „С груп" почна со нов концепт на локалните продавници „АБЦ!", чиишто асортиман е приспособен според локацијата.

 

„Несте К" – нов концепт за луѓето што патуваат

Во Норвешка, „Реитан конвинијанс" ја отвори „Нортланд" на аеродромот во Осло, следејќи го концептот на својата прва продавница, отворена во 2015 година, на железничката станица во Ставангер.

Малопродажните трговци продолжуваат да го прават интернет-купувањето поедноставно и пофлексибилно. Во Шведска, „Аксфуд" ја претстави новата услуга „оброк во кеса" што се доставува до домот. Постојат неколку различни оброк-решенија, вклучувајќи вегетаријанско, без лактоза и детско.

4. Органски производи и здрав начин на живот

Според извештајот на организацијата за органска статистика „Ековеб" за 2017 година, Данска со 9,9 отсто и Шведска со 8,7 отсто имаат најголем удел во продажбата на органска храна во светот.

Синџирот „Ирма" на „Кооп" – Данска, неодамна објави дека 30,9 отсто од храната што ја продава е органска, а во текот на следните 10 години, прогнозира дека уделот ќе достигне до 50 отсто.

Трговците продолжуваат да се пронаоѓаат во оваа област. Во Шведска, „Нето" воведе нова органска приватна трговска марка Go Eko, а конкурентот „Аксфуд" лансираше 50 нови органски производи во рамките на марката Garant. „Данск супермаркт" го прошири спектарот на Levevis од 220 на 360 производи, фокусирајќи се на органските производи, производите без одредена состојка, како и на тие без арома. Минатата година во Финска, „С груп" тестираше интернет-продажба и достава на органско месо до купувачите од метрополите. Се појавуваат и многубројни специјализирани органски продавници, како што е, на пример, „Парадисет" во Шведска.

Приватната трговска марка Levevis на „Данск супермаркт"се фокусира на органското

За да ја зголемат органската продажба, трговците лансираат и програми за лојалност. На пример, „Фотекс фуд" нуди програма за која купувачите плаќаат 2,69 евра неделно и добиваат 20 отсто попуст за органските производи. Данската „Дагрофа" им овозможува на лојалните купувачи 20 отсто пониски цени за органското овошје и зеленчук во дисконтните продавници „Киви".

Промоција на здравиот начин на живот

Годинава, „Кооп" – Данска почна со низа иницијативи (кампањи и попусти) за да ги инспирира купувачите повеќе да јадат здрава храна. Трговецот се надева дека за пет години потрошувачката на зеленчукот ќе се зголеми за 50 отсто. На почетокот од годината, фински „С груп" ги намали цените на домашниот зеленчук.

Протеините базирани на зеленчук стануваат сè попопуларен прехранбен тренд во регионот. „Сити грос" во Шведска нуди флекситеријански оброци во кеса, наменети за тие што повеќе сакаат да готват и да јадат вегетаријанска храна.

5. Лојалност: персонализација и дигитализација

Почетокот на годинава се карактеризираше со зголемена конкуренција за освојување на лојалноста на купувачите во Норвешка. „Рема 1000" ја воведе новата програма Æ, која им нуди на купувачите 10 отсто попуст на десетте најчесто купувани производи, како и 10 отсто намалени цени на свежите производи. Трговците „Норгес групен" и „Кооп" – Норвешка бргу одговорија на тоа – првиот ги зголеми придобивките од лојалната програма KIWI+ со 15 отсто попуст на свежите производи, додека вториот понуди 11 отсто пониски цени за свежите производи во „Кооп екстра" и во „Кооп обс".

Во Финска, приоритет на трговците беше дигитализацијата на нивните програми за лојалност. „С груп" престана да издава хартиени купони во октомври минатата година, овозможувајќи им на лојалните купувачи да имаат пристап до нивните е-бонуси со користење на апликацијата или на веб-страницата. Мобилната апликација за плаќање на трговецот, S-mobile, ја освои европската награда за имплементација на технологија – NACS за 2016 година.

Апликацијата S-mobile ја дигитализираше лојалната програма на „С груп"  за плаќање

И конкурентот „Кеско" понуди повисоко ниво на дигитализација и на персонализација, таргетирајќи ги купувачите, односно семејствата, чијашто годишна потрошувачка во продавниците надминува 6.500 евра. Потрошувачите можат да собираат поени Plussa по електронски пат, преку интернет или преку мобилната апликација, со што се елиминира потребата од печатени ваучери.

Во меѓувреме, „Кооп" – Данска, лансираше нов концепт на самонаплата со паметен телефон во шест продавници. Да за ги стекнат тие придобивки, купувачите треба да станат членки на лојалната програма на трговецот, која има 1,4 милиони членови. При употреба на системот, купувачите ги скенираат избраните производи со телефонот и на излегување од продавницата, на каса го скенираат телефонот.

Со трговци, кои се јасно фокусирани на развој на интернет-стратегиите, погодноста, пресретнувањето на потребите на потрошувачите, порастот на органската продажба и на придобивањето на лојалноста на потрошувачите, ќе биде интересно да се види што ќе биде тоа што ќе ги одвои од  конкуренцијата.

 


 
 
 
 
back to top