IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 27.04.2017 || Две недели до трговскиот настан на годината  |  „Лента“ ги објави резултатите од првиот квартал  |  Подобар дизајн на пакувањето за поголема конкурентност  |  Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Производите на „Подравка“ на катарските полици  |  „КМВ“ ја купи партнерската компанија на „Пепсико“ во Бугарија  |  „Меркатор“ заинтересиран за големите центри на „Конзум“ во БИХ  |  Пораст на продажбата на „Теско“  |  „Монделез“ инвестира во четири производствени линии  |  Х5 потпишува договор со Центросојузот  |  Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“  |  Уништено неисправно пилешко месо од Бразил  |  „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј  |  „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови  |  „Лидл“ - Хрватска ќе издава извештаи за прехранбените производи  |  Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар  |  Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Зголемен прометот во индустријата во февруари   |  „Волмарт“ укинува корпоративни работни места  |  Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“  |   ||
   

ИГД: Храна соодветна на активниот животен стил

23.02.2017
 

Сегментот „храна за носење" зема сè поголем дел од колачот наречен малопродажба. Гавин Ротвел, сениор менаџер за малопродажна анализа во ИГД, идентификуваше топ 5 трендови, за кои верува дека ќе го обликуваат тој сегмент во иднина.

Повисока свест за здравје и за благосостојба

Потрошувачите сè повеќе се свесни за здравјето и за благосостојбата, а како одговор на тие барања, операторите за „храна за носење" го прошируваат сегментот со различни вкусови и производи. Храната што го поддржува активниот начин на живот и означувањето на полето за диететски потреби, се неопходните услови што операторите ги почитуваат и добро ги спроведуваат. Новата технологија и апликациите им помагаат на купувачите подобро да ја разберат нутритивната и калориската вредност на тоа што го консумираат.

Британските купувачи на „храна за носење", особено се заинтересирани за производите што се соодветни на одредени диети. Околу 34 отсто од потрошувачите се во потрага по поширок асортиман од вегетаријанска производи, 25 отсто бараат повеќе производи без лактоза, а 23 отсто сакаат повеќе вегански и безглутенски опции. 

Детектирање на нови локации

Трговците од сегментот „храна за носење" се насочени да се прошират и да стигнат до нови купувачи. На пример, „Тост" и „Прет" сега се присутни, односно имаат свои продавници и на автопатиштата, додека „Сабвеј" и „Грегс" се прошируваат и на бензинските станици. Други трговци, како на пример „Леон" и „Тортиља", првпат отвораат продавници надвор од Лондон, за да го задоволат зголемениот апетит за „храна за носење" надвор од главниот британски град.

Фокус на „алтернативни мисии"

Под поимот „алтернативни мисии" се мисли на нов вид „храна за носење", која ги надминува класичните опции кафе или ручек. Иако голем број малопродажни трговци напорите ги фокусираат кон опцијата појадок, се очекува да се појават повеќе „алтернативни мисии" за различни периоди од денот, како на пример, вечерни оброци, ужина по работа, ужина по вежбање за зголемување на енергијата итн. Закуските се одлична можност за операторите со „храна за носење". Речиси половина (45 отсто) од возрасните Британци купиле „ужина за носење" во последниот месец.

 

Понатамошна интеграција на технологијата

Речиси сите купувачи (92 отсто) сметаат дека брзината и ефикасноста на услугата е важен двигател за да одлучат каде да купат храна и пијалак. Во таа насока, во иднина се очекува технологијата да ја зголеми улогата во сегментот „храна за носење". Продавниците „Итса" во Сан Франциско и „Инамо" во Лондон, целосно го променија начинот за нарачување – во нив, потрошувачите може да нарачаат само преку таблетите во продавниците. Минатата година, „Старбакс" воведе апликација за далечинско нарачување. Американскиот специјалист за салати „Свитгрин" оди чекор понатаму со конвертирањето на поголемиот дел од продавниците во безготовински.

Зголемена фузија со малопродажбата

Прехранбените продавници од целиот свет бараат начини како повеќе да се снабдат со „храна за носење". Во американските „Хол фудс маркет" и „Вегманс", тој сегмент веќе е суштински дел од нивната понуда. И други супермаркети и хипермаркети, како „Карфур" со форматот „Бон ап!", се фокусираат повеќе на сегментот „храна за носење".

За помалите малопродажни формати, ирските трговци претставуваат одличен пример во оваа област. На пример, „Мусгрејв центра" е исклучително прогресивен во начинот на кој обезбедува понуда „за носење", продавница и атрактивен простор за јадење на едно место.

Годинава, се очекува повеќе трговци да се обидат да зграпчат дел од растечките можности на сегментот „храна за носење".


 
 
 
 
back to top