IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 23.10.2018 || Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |  Расте добивката на „ПепсиКо“   |  „Нестле“ е заинтересиран да купи бренд за минерална вода  |  Германските трговци продаваат преку интернет   |  Нов „Стокомак“ во Тетово  |  Експресна услуга на нова локација во Струга  |   Увозот на храна расте побрзо од извозот   |  Во септември пад на светските цени на храната   |  „Фуд стар“ ќе извезува пилешко месо во Кина   |   ||
   

ИГД: Глобалните малопродажни трендови годинава

21.05.2016
 

Грижата за здравјето, технологијата и комуникациите се најсоодветните поими со кои може накратко да се опише малопродажната индустрија годинава.

Автор: Тоби Пикард, сениор аналитичар за повеќеканална малопродажба, ИГД

Џејмс Волтон, главен економски аналитичар од ИГД, ја опиша малопродажната сцена во Велика Британија во статијата „Што ќе биде најжешкото во британската малопродажба во 2016 година", но во насока на прашањето кои се најжешките трендови во глобалната малопродажна индустрија годинава,  прочитајте во продолжение.

1. Здравјето е во срцето на продавницата

Фокусот на потрошувачите кон здравјето, не само што го погоди Обединетото Кралство, туку, најверојатно, и целиот свет нема да остане имун на овој тренд годинава. Според прогнозите на ИГД, владите ќе вршат поголем притисок на FMCG-индустријата за придонес кон националните здравствени цели, а компаниите, несомнено, во тоа ќе препознаат голема конкурентска можност.

Тој тренд ќе води кон широк распон од иновации и во продавниците. Очекуваме да видиме како ќе изгледа таа промена на изложување на производите и во истакнувањето на здравиот избор. Исто така, очекуваме малопродажните трговци повеќе да ги стимулираат купувачите преку различни попусти, промоции и награди.

Акцијата на „Волгринс" на потрошувачите им овозможува да заработат повеќе поени врз основа на нивниот избор на поздрави производи.

Очекуваме дека трендот на редефинирање ќе биде од суштинско значење и за доставувачите, бидејќи асортиманот на малопродажните трговци ќе биде понаклонет кон здравите производи.

2.     Промена на насоката на плимата

Во трговијата на мало, традиционалниот протек на најдобрите практики беше од запад кон исток. Денес, економиите на Азија се толку динамични, што протекот почнува да ја менува насоката. Потребно е западните малопродажни трговци да го забрзаат темпото на иновации за да не заостануваат.

Паметните роботи Pepper, кои ќе се користат како продавачи, беа презентирани во „Карфур" во Франција. Овие хуманизирани машини веќе беа распределени во повеќе од 140 продавници за паметни телефони на „Софтбанк" во Јапонија, пред да бидат претставени во Франција.

За да биде во тек со новите трендови, Западот би можел да присвои некои од техниките на Азија, како, на пример, специјалниот настан „Денот на самците" (Singles' Day). Фестивалот, кој се одржува на 11 ноември (11.11), е денот кога младите Азијати гордо прославуваат што се самци. Постепено, овој фестивал го доби статусот на настан кога се постигнуваат рекордни интернет-продажби во светот.

3.     Моќта на гласот

Гласовната контрола на паметните телефони стана универзална, но следува нов бран на иновации, со кои оваа технологија ќе се развива. Ќе бидеме во можност да нарачуваме производи, да ги организираме нашите животи и да добиваме информации преку уреди, кои ќе „зборуваат" со нас.

За да останат во чекор со усвојувањето на гласовната технологија, брендовите би требало да почнат да размислуваат за добивање лиценци преку технолошки провајдери, кои ќе им овозможат да ги продаваат производите со помош на оваа технологија. Нашата прогноза е дека тие ќе се натпреваруваат за ексклузивните права за продажба и ќе се соочат со нова конкуренција, бидејќи пребарувачите ќе станат новите потенцијални продавници на иднината.

Amazon Echo е паметен звучник, кој може да креира листи за купување, да обезбедува вести, да одговара на прашања, да „чита" аудиокниги и да нарачува од листата на шопинг-историја на „Амазон".

4.     За возможна мисија

Заштедата на времето на купувачот ќе биде најзначајна за малопродажните трговци. Лојалноста ќе се гради преку понудата за удобни и едноставни решенија, што ќе ја интензивира конкуренцијата.

Изгледот и распоредот во продавниците ќе претрпат промени и најверојатно ќе се развива концептот на т.н. микромаркети, односно независни мали продавници, сместени во градските квартови или на прометни локации, во кои купувањето е практично, брзо и едноставно.

Веројатно ќе следува и бран од автомати, кои ќе нудат практични оброк-решенија.

5.     Емоција наспроти промоција

Да се биде надвор од пакетот емоција и промоција, е потешко од кога било. Тоа значи стагнација и однапред изгубена игра.

Компаниите ќе се движат подалеку од „виулицата на промоции" и ќе трагаат по нови начини за стекнување лојалност. Прогнозираме дека брендовите повеќе ќе се фокусираат на примена на длабинската психологија на потрошувачот, за да испорачаат персонализирани интеракции. Трговците ќе научат како се победува со луѓето, наместо со клиентите.

Микроелементите во комуникација, односно непосредноста меѓу потрошувачите, брендовите и малопродажните трговци, ќе бидат од клучно значење за интеракцијата, а социјалните медиуми ќе продолжат да бидат од круцијално значење во создавањето на тие врски.

Во јануари годинава, „Кока-кола" објави дека сите пијалаци што го носат називот Coca-Cola се обединети во една, глобално креативна кампања под слоганот „Taste the Feeling" (Вкуси го чувството). Со тоа, компанијата на сцена ја донесе идејата дека пиењето Coca-Cola, која било Coca-Cola, е едноставно задоволство, што ги прави посебни секојдневните моменти.




 
 
 
 
back to top