IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 22.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

ИГД: Еволуција на традиционалните продавници

16.02.2017
 

Додека интернет-продажбата на прехранбените производи и на производите за потребите на домаќинствата се зголемува, „вистинските"  продавници забрзано мора да се развиваат за да останат релевантни.

Автор: Тоби Пикард, сениор аналитичар за повеќеканална малопродажба, ИГД

Во последните месеци, концептот „продавница на иднината" беше лансиран низ целиот свет. Колку од тие продавници ќе бидат успешни и што тие ни кажуваат за иднината на малопродажбата?

На почетокот од 2016 година, „Волмарт" ја отвори првата хибридна продавница „Сеју" во Токио, која беше осмислена за да ги задоволи дигиталните и физичките потреби на купувачите на едно место. На првиот кат, сместена е продавницата од традиционален формат, додека складиштето за нарачки преку интернет (т.н. продавница во сенка – „dark store"), се наоѓа на вториот кат. Концептот овозможува поефикасен дистрибутивен систем, односно го заштитува системот за интернет-нарачки од физичките купувачи.

Кон крајот на минатата година, „Амазон"ја отвори првата дигитална продавница во Сиетл, наречена „Амазон гоу". Трговецот тврди дека во неа е имплементирана најнапредната технологија за купување, позната како „Само излези" (Just Walk Out).

Технологијата го детектира моментот кога купувачот го зема или го враќа производот на полица (систем, кој одредени хотели го користат за минибаровите во собите). Сметката на купувачот автоматски се ажурира, што значи дека нема чекање во редица за плаќање. Засега, продавницата „Амазон гоу" е отворена само за вработените во компанијата, но наскоро ќе биде достапна и за потрошувачите.

Најголемиот италијански трговски синџир – „Коп", ја претстави својата верзија на „супермаркет на иднината". Продавницата се наоѓа во рамките на кампусот на универзитетот „Бикока" во Милано, а прототипот претходно беше претставен на саемот „Милан експо". Производите се сместени на големи интерактивни табли, при што, со движење со раката, се „исфрлаат" информации за производот на горниот монитор. На тој начин, купувачите може да се информираат за потеклото на производите, хранливите состојки, потврдите за одржливост, како и за другите релевантни производи и промоции.

Уште еден концепт, кој го привлече вниманието на ИГД е „продавницата без персонал" во Шведска. Објектот е отворен нон-стоп и не бара ангажирање на работници. Регистрираните корисници имаат пристап до продавницата со идентификациски апликации на паметните телефони. Апликацијата има и функција на скенер, со кој се означува секој купен производ и се прави конечниот биланс.

Поефикасно управување со трошоците

Сите тие продавници се дизајнирани за да го направат купувачкото искуство поудобно и побрзо. „Амазон гоу" и самопослугата во Шведска го скратуваат времето поминато во купување со „укинување" на чекањето во редица за плаќање.

Според резултатите од истражувањето „Шопер виста", кое го спроведува ИГД, две третини од британските купувачи велат дека брзината на плаќање на каса е особено важна, што на „продавниците на иднината" може да им донесе голема популарност. Со таа опција, се заштедува и простор, кој може да биде употребен за друга намена, а вработените имаат повеќе време да им помагаат и да ги инспирираат купувачите.

Иако малопродажбата бара многу повеќе (човечки) вештини отколку што многумина мислат, рутинските задачи одземаат голем дел од скапоценото време. Со текот на времето, тие задачи веројатно ќе бидат автоматизирани со роботите, кога ќе бидат повешти и поевтини.

Како пример за тоа може да се наведе роботот што ги следи резервите на полиците во „Таргет", како и јапонскиот трговец „Аеон", кој почна со тестирање на идентификација по пат на радиобранови РФИД (Radio Frequency Identification) и роботичка технологија за подобро управување со состојбата на залихите. Благодарение на роботите, управувањето со залихите ќе биде ослободено од човечката грешка, оперативните трошоци ќе се намалат, а вработените ќе имаат повеќе време за комуникација со купувачите и за персонализирана услуга.

Идејата за роботизираните продавници можеби изгледа како голем чекор кон иднината, но 80 отсто од британските купувачи велат дека би сакале процесот на купување во одредена мера да биде автоматизиран.

Инспирација

Традиционалните, физички продавници секогаш ќе им овозможуваат задоволство на купувачите, кое не може со ништо да се замени. Но, трговците сè повеќе работат на зајакнување на задоволството преку визуелниот впечаток, свежината на производите, потеклото и здравствените придобивки.

Холандскиот „Алберт Хеин" го реновираше хипермаркетот во Пурмеренд и го претстави како првиот објект во земјата со концепт „одгледување во продавница". Потрошувачите имаат избор од 12 видови билки, кои се одгледуваат во хипермаркетот.

На Филипините, во супермаркетите „Робинсонс", акцентот е на здравјето, што им дозволува на потрошувачите да исцедат сокови во објектите, возејќи статичен велосипед. „Волгринс" во САД, сè поголема предност им дава на здравите производи преку промоции и програми за лојалност.

Што е следно?

Дигиталниот свет се развива со брзина на светлината, па во согласност со тоа, се подобрува и купувачкото искуство преку интернет. Затоа, очекуваме дека „продавниците на иднината" ќе ги спојат физичкиот и дигиталниот свет и ќе создадат сеопфатно искуство при купувањето, кое подразбира свежа храна, нови производи, специјални промоции и повеќе начини за дегустација, едукација и за откривање. Вработените би се грижеле за персонализираната услуга и за потрошувачите, а дигиталните решенија ќе поедностават голем број аспекти од работењето.


 
 
 
 
back to top