IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 26.09.2017 || Срѓан Златичанин е новиот генерален директор на „Фриком“  |  Извозот на вина и пијалаци се зголеми за 12%  |  „Алди“ ги отвора првите безнински пумпи  |  „Лидл“ ќе продава производи направени според стари семејни рецепти  |  „Кока-кола активна зона“ во Радовиш  |  „Шпар“ - прв меѓународен синџир во Белорусија  |  „Макпрогрес“ ја презема „Дониа“  |  Prohibition – нова безалкохолна верзија на Budweiser  |  „Браун-Форман“ ја зголеми продажбата  |  Oд понеделник во продажба Добриот леб   |  „Крафт-Хајнц“ заинтересирани да го преземат „Данон“  |  „Млекара Плана“ вторпат на продажба  |  „Перно Рикар“ најавува зголемување на продажбата  |  Првата пратка производи тргна за Москва  |  Најважна е поддршката на домашните компании  |  „Ахолд Делез“ е меѓу лидерите за одржливо работење  |  „Жито“ во Петровец, прв во таа општина  |  Нова сезона на „Полица за домашните“ во „Лидл“  |  Златни медали за вината на „Тиквеш“ во Кина   |  „Кока-кола ХБЦ“ и „Пивара Скопје“ – лидери по четврти пат  |   ||
   

Горан Теменугов: Скриени долгови за јавни проблеми

15.06.2017

Откривањето на вистинските состојби е приоритет над приоритетите. Колку и да боли вистината. Но, јасно е дека тоа нема да биде оправдување пред граѓаните за да не се спроведе ветеното.

Пишува: Горан Теменугов, новинар

Се случи и тоа. По речиси цели 11 години, се промени власта во Македонија. Освен политичките предизвици, новата Влада ќе треба да преземе сериозни економски чекори. Иако СДСМ е на власт само една недела (текстот е пишуван на 6 јуни 2017 година), се наѕираат првите сериозни проблеми.

При исплатата на пензиите, беше објавена и информацијата дека се исплатени и студентските стипендии за последните пет месеци. Ова значи дека од почетокот на годината па сè до формирањето на новата Влада, не се исплатиле со закон предвидените два милиони евра на стипендистите. Тревога од прв ред, иако од Министерството за финансии премолчија дека нивните претходници не си ја завршиле обврската. Иако некој ќе рече „што се два милиони евра за таква „грандиозна" економија како македонската, која со години реди само успеси", загрижува и информацијата дека претходната влада забрзано исплаќаше налози кои со месеци и со години беа во фиоките на министерствата и не беа доставувани за наплата. За фирмите ова е добро, но се отвора централното прашање кое со години се обидуваме да го одговориме: колкави се овие скриени долгови што не ги знаеме и дали тие ќе може сериозно да ја загрозат економската стабилност на државата?

Затоа новата постава на Министерството за финансии е пред сериозен предизвик. Прво, да ја одржува тековната работа, за што требаат пари. Второ, да ги спроведува ветувањата од пред изборите. Секако, и за тоа требаат пари. И трето, да ги открие вистинските состојби во економијата и во финансиите. Првите две не можат да се реализираат без третото.

Во моментов, пак, според премиерот Зоран Заев, наместо 130 милиони евра во буџетот кои ги најави ексминистерот за финансии Кирил Миноски, има само шест милиони, и скриен долг од над милијарда евра што не е фактуриран. Едноставно, компаниите бидејќи знаеле кога ќе ги добијат парите за сработеното, не доставувале фактури за кои мораат веднаш да го платат данокот на додадена вредност.

Затоа, откривањето на вистинските состојби е приоритет над приоритетите. Колку и да боли вистината. Но, јасно е дека тоа нема да биде оправдување пред граѓаните за да не се спроведе ветеното.

СДСМ има само еден адут – сериозни реформи. И тоа во сите сфери на животот. А поради ограниченоста на својата политичка моќ, која произлегува од тесното парламентарно мнозинство, тоа ќе биде исклучително тешко.

Поради ова, освен економските мерки, клучно е воведувањето транспарентност и отчетност. Мора да се прекине со законот на молчење или „Омерта" која владееше изминатава деценија. Мора министерството прво да соопшти што наследи, а потоа редовно да информира за тековните мерки и трошења. Ова би било добар старт на едно владеење.

А дека СДСМ ќе има проблеми и во првите сто дена од владеењето, на тоа упатуваат неколку показатели. Првиот, кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, е тврдењето дека владеењето на СДСМ ќе биде кратко, што го поткрепуваат со фактот дека СДСМ и коалицијата имаат многу тесно мнозинство во Собранието или само 62 пратеника од 120. Второ, во моментов силно оружје на ВМРО-ДПМНЕ е финансиската моќ, контролата на некои од најгледаните медиуми, како и поделеноста на општеството и партизираниот апарат што го инсталираа во последниве 11 години.

СДСМ, пак, има само еден адут. Тоа се сериозни реформи. И тоа во сите сфери на животот. А поради ограниченоста на својата политичка моќ, која произлегува од тесното парламентарно мнозинство, тоа ќе биде исклучително тешко. На прв поглед сизифовски.

Како и да е, следува интересен период во кој ќе има „разголување" на многу митови градени минативе години, но ќе видиме и кој од каков ков е. Едноставно, ќе биде интересно во периодот кој следува.


 
 
 
 
back to top