IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Понеделник, 22.05.2017 || Второ ниво - Напредно преговарање со „тешките“ купувачи  |  Голем хуманитарен гурмански пикник  |  Вискито на „Алди“ меѓу најдобрите  |  „Тиквеш“ најнаградувана винарница во Југоисточна Европа  |  InStore на саемот PLMA во Амстердам  |  Пораст на продажбата во „Агроплод“  |  Сребро за Alexandria Rose на мундијал во Франција  |  Паркиралишта за велосипеди од „Кока-кола“  |  Златни медали за Hina во Нови Сад  |  Нема криза во „Млекопродукт“  |  „Универекспорт“ најдобар во категоријата  |  „Дон дон“ најави нов погон во Зајечар  |  VodaVoda ќе го освојува пазарот во Сингапур  |  Успешен почеток на „Синагога“  |  Нов дистрибутивен центар на „Нели“  |  Јубилеј на „Карлсберг“ - Србија  |  Занаетчиското пиво, бизнис во подем  |  Успешно реализиран третиот FMCG-самит во БИХ  |  Претставена акцијата „BH. korpa“  |  „Бинго“ е новиот сопственик на „Дита“  |   ||
   

Горан Теменугов: Само јако...

12.04.2017
 

Љубиша Прелетачевиќ – Бели е измислен лик. Додека ги исмева српската политика и политичари, тој ги исмева и политичарите во регионов. Но, исмевањето е горко

Пишува: Горан Теменугов, новинар

Љубиша Прелетачевиќ – Бели. Или, по крштеница, Лука Максимовиќ. Човек кој направи хаос на претседателските избори во Србија. Успеа со исмевање на политичарите и на нивните ветувања, да стане сериозен кандидат. Зад него има само неколку другари кои му помагаа во кампањата и во ветувањата дека ќе краде и ќе лаже како и сите политичари. Зезанцијата ја почна лани во родниот Младеновац, каде тој и неговата независна листа што ја предводеше со неговото движење „Само јако", успеаја да бидат втори по број на советници во општинското собрание. А беше трет на изборите за претседател на Србија. Освои речиси 10 отсто од гласовите. Со околу 7.500 евра, од кои две третини ги даде за нотари за заверка на кандидатурата, а другите за кампања, стана политички фактор. Слоганот му беше „Сиротиња узвраќа ударац".

Љубиша Прелетачевиќ – Бели е измислен лик. Додека ги исмева српската политика и политичари, тој ги исмева и политичарите во регионов. Но, исмевањето е горко. Со јасните пораки што ги шири Бели по социјалните мрежи и непосредно пред граѓаните, тој се исмева и со нас, со сите кои стојат зад политичарите што нè лажат, а за кои ние упорно гласаме. Повеќе од 300.000 Срби му го дадоа гласот, бунтувајќи се против тамошната политика. Но, покажа и дека милиони гласачи се подготвени да гласаат и за нешто што знаат дека не е добро. Чист политички маркетинг, без содржина.

Сево ова е толку слично на Македонија. Ние го немаме Бели. Но, го имаме истиот менталитет на гласачи. Сакаме слепо да веруваме дека некој нè води. И дека тој некој знае што прави. А вистината, барем онаа економската, е мерлива. И јасна. Но, кој ли ја гледа. Веројатно не просечниот гласач.

Дури сега, во оваа 2017 година, земјоделците почнаа да зборуваат дека Владата не им исплатила дел од субвенциите за 2015 година. Политичарите го признаа доцнењето на исплатата на почетокот од април. Цела 2016 година, годината на круцијалните избори за ВМРО-ДПМНЕ, преку сите медиуми нè убедуваа дека субвенциите се исплатени. Дека нема доцнење. И сега, признание. Ама, ај, што би рекол Бели, политичарите си лажат, но прашањето е зарем земјоделците не знаеја дека немаат добиено пари?!

Секако дека не. Сега ловат во матното, кога може да се смени власта. Пред тоа, „мукла". А мртва тишина и околу задолжувањето на Владата. На почетокот од април, ја преминавме психолошката бариера од пет милијарди евра јавен долг. Или, секој граѓанин на Македонија должи нешто помалку од 2.500 евра, без долговите што ги имаме приватно кон банките.

Нејсе, информацијата за петмилијардниот долг експресно беше демантирана од Министерството за финансии. Наводно, тој бил околу 4,7 милијарди. Но, економистите ги извадија тефтерчињата и пресметаа дека сепак сме ја поминале петката. Во податоците на Министерството не се наведува точниот долг на општините, но и фактурите што треба да се платат, а не се доставени до неговиот трезор. Да, меѓу реалниот, а од политичарите неспоменат долг, е долгот и кон земјоделците.

И така, вистината е тука. Но, кој да ја види. Македонија го нема својот Љубиша Прелетачевиќ – Бели. Барем јавно да се исмева со политичарите и со заслепените гласачи. Ние немаме ниту измислен лик на кој ќе се потпреме во измислената и нереална политичка и економска состојба. Прашањето е дали постои можност за ресетирање на апсурдната реалност. Дали е останато барем малку критична маса за реални промени. Одговорот веројатно е „не". Аргумент? Податокот за невработеноста. Сè поголема е кај младите, а се намалува кај тие над 50 години. Македонија вечна, но вечна во староста и во заслепените гласачи. Другите, нашите млади „Бели", веројатно среќата ќе си ја најдат во странство.


 
 
 
 
back to top