IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Горан Теменугов: Рецесија за гола политика

16.10.2017

Фактите велат: домашниот бруто-производ (БДП) во првото тримесечје од годинава беше на нула (0), а во второто имаше пад од 1,8% или кумулативно, во првото полугодие од годинава, БДП имаше пад од 0,9% во споредба со истиот период лани.

Пишува: Горан Теменугов, новинар

Кога гувернерот на Народна банка ќе излезе со констатација дека тој и неговата институција биле премногу оптимистични за порастот на економијата за годинава, тоа е сериозна изјава. Но, ваква изјава дадена еден ден пред почеток на предизборна кампања за локални избори, овде, во Македонија, може да замириса и на чиста политика.

Факт е дека домашниот бруто-производ (БДП) во првото тримесечје беше на нула(0), а во второто имаше пад од 1,8% или кумулативно, во првото полугодие од годинава, БДП имаше пад од 0,9% во споредба со истиот период лани.

Терминот за ваква изјава во реномирана светска новинска агенција беше идеален за да ѝ даде ветер во грб на опозицијата, која за лошите економски резултати ја обвини новата влада, која почна да владее од 1 јуни. Или, ако се дели вината, 1/6 за тоа е виновна актуелната влада на СДСМ, а останатите 5/6 е виновна тогашната влада во заминување на ВМРО-ДПМНЕ. Но, изјавата никој не ја толкува така. И не би требало. Одговорна за економијата е актуелната влада. Но, за неа подоцна.

Проблем е и тоа што главниот столб, тој што треба да реагира при падот на БДП, во случајов министерот за финансии, како да нема иницијативност, како да е во втор план или воопшто не посветува внимание на овој проблем.

 

Уште со една цртичка ќе се задржам на изјавата на гувернерот. Што ако се случи сепак да не бил во право и до крајот на годината да имаме позитивен економски пораст? Секој со своите изјави одговара сам за себе, но ако реалноста го демантира гувернерот, неминовно е девалвирањето на целата институција Народна банка. Тогаш, работењето на овој чувар на денарот и на макроекономската стабилност може да се доведе во позиција на дневна политика и на навивање за одредена партија, што ќе биде погубно како за НБРМ, така и за сите нас.

Но, навистина навивам дека гувернерот ќе биде во право. Лошата вест за сите нас, сепак ќе биде и добра и ќе ја заштити Народната банка, а со тоа долгорочно и нас граѓаните со тоа што сепак беше, е, и ќе остане бедем на добро работење.

Сите знаевме дека имаме проблеми во економијата. Дел од нас не очекуваат промени преку ноќ. Во падот на домашниот бруто-производ гледаат каузалност, причинско-последична поврзаност. Државната статистика измери дека од четири параметри кои го сочинуваат домашниот бруто-производ, во три имаме пораст, но дека во еден, бруто-инвестициите, имаме пад, кој ги поништува другите три параметри.

Владата на ова одговори со пакет мерки за помош на инвеститорите. Ги изедначи домашните и странски инвеститори и најави дека сета државна помош во иднина ќе биде јавна и транспарентна. Најави и дека државна помош ќе добиваат успешните и извозно ориентираните фирми. И оние кои ќе вработуваат и ќе даваат високи плати. Добра најава. Но, гласникот, во овој случај вицепремиерот Кочо Анѓушев, промоцијата на мерките ја направи во лош момент. Прво, во време кога тој беше во „жижа" на јавноста поради неговите фирми кои требаше да добијат бизниси од државни компании или со одлуки на владата, во којашто работи, да добијат одредени привилегии. Сè е законски, но сепак го отвори прашањето дали Законот за спречување на судир на интереси е добар. Второ, во време пред локални избори, кои како и да завршат, ќе доведат до предвремени парламентарни.

Проблем е и тоа што главниот столб, тој што треба да реагира при падот на БДП, во случајов министерот за финансии, како да нема иницијативност, како да е во втор план или воопшто не посветува внимание на овој проблем. Оттаму упатија неколку соопштенија дека состојбата ќе се подобри, но останува да лебди прашањето дали е тоа доволно. Едноставно, во моментов како да нема показател на тоа кој ја води економијата. Кој ги држи конците и кој ќе им даде јасно до знаење на фирмите дека слободно и рамноправно можат да инвестираат. Затоа, ако владата на СДСМ не почне да дава знаци дека знаеме каде се движиме во економијата, под водство на Министерството за финансии, тешко дека ќе се врати храброста кај фирмите, а со тоа и инвестициите.


 
 
 
 
back to top