IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 17.11.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Горан Теменугов: Минималец за вас, прекрасни луѓе...

22.05.2017
 

Инаку, математиката навистина вели дека има простор за зголемување на минималната плата. Повеќе независни економски анализи во изминатиов период потврдија дека минималецот може да се зголеми до 12.000 денари.

Пишува: Горан Теменугов, новинар

Во овие најтешки политички времиња за Македонија, невозможно е да се пишува за економија. Едноставно, политичката криза кулминираше. Падна дебел ќотек во Собранието. Дел од пратениците одвај спасија жива глава. Македонија го доживеа своето политичко дно. Но, стравот како да исчезна. Страшниот притисок што го чувствувавме од можната темна иднина во која Македонија или ќе се распаднеше или ќе го доживееше првиот државен удар, како да попушти. Крвта на пратениците како да ги смири страстите. Секако, политичките вербални препукувања продолжија. Но, како да станаа рутина со бенигни последици. Едноставно, како камче во чевелот. Непријатно ти е од него, но не може да те повреди и можеш да одиш понатаму.

Секако, двата табори и понатаму се крајно спротивставени. Непомирливи. Закрвени.

И секако, поради ова од економија нема ниту „Е". Целосно мртвило. Никој не може да ја согледа вистинската состојба во која е македонското стопанство. Во каква состојба е државниот буџет. Во каква состојба се фирмите.

Но, за да биде весело, да не заборавиме дека национален спорт во државава стана да се прави сметка без крчмар, се погрижија лидерот на Сојузот на синдикатите, Живко Митрески, и министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими. На 1 Мај, Денот на трудот, помпезно, полни со оптимизам, по заедничката идилична средба полна со разбирање, најавија дека се создадени услови веднаш да се зголеми минималната плата за 20 отсто. Или од сегашните 9.500 на 12.000 денари.

Ова кај сите нас, работници, пролетери на трудот, ʼргачи на секојдневните маки, требаше да биде дочекано со возбуда, егзалтација и со краен восхит дека, ете, синдикатот и Владата во заминување ќе ни ја подобрат финансиската состојба. Ама, сметка без крчмар, не се прави. А во сметката, богами, недостигаат прилично значајни ставки.

 

Првата се работодавците. Нив ги немаше на празничната средба на двоецот Митрески – Ибрахими. А токму тие, на крајот од денот, ќе треба да ги најдат парите и да им платат на работниците.

Втората ставка во оваа чудна сметка без крчмар е легитимитетот на лидерот на ССМ, Живко Митрески. Врховниот суд донесе одлука со која тој не е лидер на синдикатот и со која се суспендира одлуката на министерот Ибрахими да го признае Митрески, а не Дарко Димовски. Едноставно, Димовски е лидер на синдикатот и тој треба да преговара. Средбата Митрески – Ибрахими ќе си остане само првомајското сликање на поранешен прв синдикалец и на министер во заминување кој незаконски, според Врховниот суд, го оставил на функција.

Третата ставка, пак, е самиот легитимитет на министерот. Договара, најавува и очекува утврдување на најниска плата, без да има парламентарно мнозинство. А, Законот за минимална плата се носи во Собранието.

Инаку, математиката навистина вели дека има простор за зголемување на минималната плата. Повеќе независни економски анализи во изминатиов период потврдија дека минималецот може да се зголеми до 12.000 денари. До оваа сума, корист ќе имаат и работниците и работодавците. Ако се надмине оваа сума, веќе работната сила станува поскапа и дел од компаниите нема да можат да ја исплаќаат.

Затоа, реално е да се изврши притисок за да дојде до зголемување на минималната плата, но во сметката, секако, треба да бидат вклучени сите три социјални партнери, а тоа се легитимен синдикат со легитимен лидер, легитимен министер со легитимно собраниско мнозинство и, секако, работодавците. Тогаш сметката ќе биде направена сосе крчмар.


 
 
 
 
back to top