IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Вторник, 11.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Горан Теменугов: Криво насадено, право не расте...

20.12.2017
Комбинатот „Фени", во време кога цената на фероникелот на берзите е над производната цена, отиде во стечај. Причината е огромен долг на фирмата кон три големи банки и кон неброени помали добавувачи, тежок 60 милиони евра

Пишува: Горан Теменугов, новинар

„Фени". Металуршки комбинат за преработка на фероникел. Се градеше во осумдесеттите. Прекарот од старт му беше: „промашена инвестиција". Беше одраз на тоа, социјалистичко, време кое умираше. И тогаш за овој рударски комбинат немаше во државава ниту руда, ниту струја. Истото се случуваше и во транзициските деведесетти години од минатиот век. Но, современите војни и потребата од муниција направи фероникелот да добие на цена. Фабриката во минатата деценија и нешто почна да работи и тоа со огромни профити. Секако, имаше повремени падови, поради намалувањето на цената на фероникелот на светските берзи, но тоа е толку нормално во овој бизнис.

Но, тоа што е нормално за светските економски и берзански случувања – кога цената е добра фабриките да работат, а кога е лоша да запираат, често во Македонија состојбата е тотално идиотска.

Еве, комбинатот „Фени" во време кога цената на фероникелот на берзите е над производната цена, отиде во стечај. Човек да се чуди и да не верува. 

Причината за стечајот е огромен долг на фирмата кон три големи банки и кон неброени помали добавувачи. Досега познатиот долг е 60 милиони евра. Од фабриката велат дека се направиле поради ниската, нерентабилна цена на нивниот производ во минатото. И ова има логика. Но, сепак не е поради тоа.
 
Од оваа „Фени" реа, човек не може да се израдува на Нова година. Желби што да ни донесе Дедо Мраз има многу, но една сигурно ќе ни исполни – да ни ја донесе фактурата за плаќање на дел од долговите.

Банките, но и останатите доверители, велат дека овде дебело мириса на криминал. Дека раководството на компанијата, смислено, го обрезвреднувало имотот на „Фени" и испумпувало тешки милиони на сметки во странство. Едноставно, земале кредити и добивале услуги што не ги плаќале, а парите од продажбата на фероникелот ги испраќале во странство, без да платат ниту денар на домашните банки и фирми. Продавале дури и она што било под залог на банките. Како гаранција. 
 
И да, ќе речете скандал. Но, не е првпат ова да се случи, а веројатно ниту последен. Има редица вакви примери што во металуршката, што во услужната дејност. 

Но, овојпат, освен огромната штета и загрозувањето на судбината на 850 работници кои работат во „Фени", проблемот е и молкот на државните институции.

Поточно, нејасно е зошто Управата за јавни приходи, институција која собира даноци меѓу кои и данокот на додадена вредност, молчела дека „Фени" не плаќал. Според информациите, долгот за ДДВ на кавадаречката фирма е 5,5 милиони евра. Ова не е направено преку ноќ. Долгот се таложел, но некој во Управата не реагирал. Згора на тоа, фирмата не поднесувала ниту завршна сметка во Централниот регистар.

Две институции, кои треба да се на браникот на законското работење на компаниите, во случајов на „Фени", потфрлија. Особено УЈП. Ако се додаде дека во минатото имало селективност кон одредени фирми, каде управата не смеела да влезе, дека други казнувала како што ќе стигне, дека се воделе истраги без основа за тогашни опозициски функционери, останува уште понејасно зошто новото раководство на Управата го чува долгот на „Фени" како даночна тајна, кога на илјадници други фирми, што државни, што приватни, ги објавува. Ако двојните аршини биле одлика на претходното раководство, прашањето е зошто во овој случај продолжи и кај новото, кое силно, барем декларативно се залага за транспарентност и отчетност. 

Нејсе, нешто дебело смрди. Од оваа „Фени" реа, каде вина имаат и дел од институциите, човек не може да се израдува на Нова година. А таа е пред вратите. Желби што да ни донесе Дедо Мраз има многу, но една сигурно ќе ни исполни. Тоа е да ни ја донесе фактурата за плаќање на дел од долговите што ни ги остави ВМРО ДПМНЕ. Ќе треба да се платат 370 милиони евра на име стар долг направен во периодот 2006 – 2017. Но, не очајувајте, полошо ќе биде во 2020 и 2021 година, кога ќе треба да се вратат 925 милиони евра. Затоа, не губете време, радувајте се. Утре секогаш ќе биде полошо од денес. 







 
 
 
 
back to top