IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 18.08.2018 || Законот за петокраката може да го забрани Heineken  |  „Констелејшн брендс“ вложува 5 милијарди долари во марихуана  |  Скопско ги враќа маалските дружби во Карпош  |  Нов начин на пакување на бананите  |  Наскоро ќе се знае судбината на „Равница“  |  Во Србија храната се купува на одложено  |  „Унилевер“ има нов логистички партнер  |  Реновиран „Рамстор“ во Ново Лисиче  |  „Шпар“ ќе отвори уште 80 објекти  |  Успешно прво полугодие за „Баерсдорф“  |  Осмислена првата паметна кошница за мед  |  ЕУ одобри извоз на млеко од БиХ  |  Спорните соини шницли на „Виталиа“ содржат ГМО  |  За домашната ракија ќе се плаќа акциза  |  „Лидл“ го намалува прехранбениот отпад  |  Ќебапи и плескавици со пилешко се продавале како свински и говедски  |  ГМО во сојата на „Виталиа“ и во кочански ориз  |  Нови награди за македонските вина  |  „Нели“ ќе произведува бонбониера Azbuka  |  АВТ нов дистрибутер на „Вернер & Мерц“  |   ||
   

Еволуција на приватните трговски марки

22.05.2013
Стратешка алатка во борбата за лојалност на потрошувачите и дополнување на понудата на брендираните производи
 
Еволуција на приватните трговски марки
 
Автор: Екатерина Вилтхем, постар ритеил аналитичар, IGD 
 

Во глобален контекст, ставот на потрошувачите за приватните трговски марки (PL – private label) драстично се промени во последните две години. Резултатите од последното истражување на IGD ShoperVista покажуваат дека купувачите им веруваат на приватните трговски марки колку што им веруваат и на брендовите и дека ги сметаат за прифатлива понуда во сите категории.

•Како што малопродажниот пазар станува сè поголем предизвик, така трговците од целиот свет ги сметаат приватните трговски марки за стратешка алатка во борбата за лојалност на потрошувачот и како дополнување на понудата на брендови.
•Трговците повеќе не го следат пристапот „и јас, исто така" во развојот на приватните трговски марки. На пазарите им ги претставуваат иновативните концепти и стануваат креатори на брендовите, отстапувајќи од традиционалната добра/подобра/најдобра архитектура.
•Трговците ги усвојуваат новите стратегии за дизајн, пакување и позиционирање на своите марки, отворајќи пат за соработка со доставувачите и развој на потенцијалите на приватните трговски марки.
Во оваа смисла, брендовите мораат да ги подобрат своите единствени продажни точки (атрибути) за да се изборат за своето прво место на полиците и да ја задржат довербата на потрошувачите.

1.Потврда на вредноста
Силата на приватните трговски марки не е само ценовната предност, туку и ширината на понудата.

Пример 1: Simply M&S, „Маркс & Спенсер", Велика Британија
•Повеќе од 800 прехранбени производи.
•Пониски цени од другите линии на M&S, со проверен квалитет.
•Дизајн на амбалажата, инспириран со типичен список за купување, ја симболизира секојдневната купувачка.
•Комбинација на едноставност, топли слики и живи бои.

Повеќе можете да прочитате во електронското и печатеното издание на InStore бр.7


 
 
 
 
back to top