IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Петок, 23.06.2017 || Нова аквизиција на „Лаваца“  |  „Диаџио“ доби одобрение за нова дестилерија  |  Bacardi е најпродаван рум во светот  |  „Мари Бризар“ оживува ликер од „Титаник“  |  „Данон“ го зголеми профитот за 20 отсто  |  „Амазон“ го купува „Хол фудс“ за 13,7 милијарди долари  |  Очекувајте го јунскиот број на InStore   |  „Дневни соби“ од Chipsy за студентите  |  Повеќе од 85 брендови пиво во Maxi  |  „Макпрогрес“ со пораст на извозот  |  Млеко, сирење и путер – само од животинско потекло  |  Нова инвестиција на „Империал тобако“  |  Лошата жетва може да влијае на поскапување на брашното и на лебот  |  Понеповолни очекувања во преработувачката индустрија  |  Прв отворен ден на GS1 Македонија  |  „Ероски“ ги намали загубите  |  „Алди“ затвора 32 продавници  |  „Теско“ тестира роботизирана достава  |  СКМ пристапи кон „Патот на свилата“  |  „Млекара Шабац“ гради фабрика во Русија  |   ||
   

Едукација: Посилни на преговарачката маса

13.04.2017
Редакцијата на магазинот InStore во Македонија, во два наврати ја организираше дводневната работилница за успешно деловно преговарање со трговците со Даворка Биондиќ-Винце. Во декември лани и во март годинава, 40 професионалци од македонските производствени и дистрибутивни компании преку интерактивни вежби и примери ги усовршуваа своите продажни вештини

Приреди: Наташа Атанасова, natasha@instore.mk

 
Во време кога понудата на обуки, семинари и на работилници е навистина обемна, да се организира една квалитетна работилница што ќе се издвои од другите е навистина предизвик. Предизвикот станува уште поголем кога едукацијата е наменета за искусни професионалци, кои често пред да присуствуваат, се прашуваат што ново можат да слушнат и да научат, а по завршувањето неретко се разочарани.

Магазинот InStore и овојпат успешно се соочи со предизвикот да организира несекојдневно интерактивна и практична работилница, која им овозможи усовршување на преговарачките вештини на повеќе од 20 професионалци. Низ теоретски предавања и интерактивни вежби, тие имаа можност да ги надградат своите продажни вештини и да обезбедат посилен настап за својата компанија во преговорите со клучните купувачи. 

Според реакциите на присутните, тоа на што се должеа квалитетот и успешноста на работилницата, е самата Даворка Биондиќ-Винце, чиј уникатен пристап на едукација првпат се среќава во Македонија. 

Пред да почне да се занимава со консултантски услуги и со едукација, Биондиќ-Винце десет години била член на управата за набавка и прокурист во германскиот „Кауфланд" во Хрватска, како и главен преговарач, а до март 2012 година во австрискиот „Шпар", каде што 10 години ја водела интерната академија за знаење во секторот за набавка. 

Како резултат на успехот на работилницата и охрабрени од задоволството на учесниците, магазинот InStore е во фаза на планирање напредна работилница со Даворка Биондиќ-Винце. Штом го договориме датумот, веднаш ве известуваме и се гледаме повторно!
 
Во својата успешна кариера, самостојно водела и завршила повеќе од 10.000 преговори со домашни и со интернационални компании и била одговорна за годишна вредност на набавка поголема од 200 милиони евра.

Ова огромно преговарачко искуство, во комбинација со практичните реални примери и со неверојатната енергија на Даворка Биондиќ-Винце, резултираше со интерактивна работилница полна со прашања и со пример-ситуации за справување со „тешките" купувачи" од која сите си заминаа задоволни. Од учесниците до нас стигнуваа и сè уште стигнуваат само позитивни коментари и барања за организирање нови и „in house" работилници со неа во компаниите.
Како резултат на успехот на работилницата и охрабрени од задоволството на учесниците, магазинот InStore е во фаза на планирање напредна работилница со Даворка Биондиќ-Винце, на која ќе можат да учествуваат сите што стекнаа диплома за посета на првата работилница. А штом го договориме датумот, веднаш ве известуваме и се гледаме повторно!
 


 
 
 
 
back to top