IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 26.09.2018 || „Старбакс“ укинува работни места   |  Балкански „Фестивал на сирења“ во Белград   |  Сè повеќе тестирања за безготовинско плаќање  |  Род од 60.000 тони мандарини   |  Јужна Кореја забрани кафе во училиштата   |  Tри нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“  |  Холандскиот синџир „Шпар“ влегува на пазарот   |  "Food show“ на 5-ти и 6-ти ноември во Белград   |  Голема побарувачка на производите без глутен   |  Голема забава со Петко, „Поточиња“ и вкусна храна пред Веро Тафталиџе  |  Данците бараат органска храна   |  „Едека“ воведува ласерски етикети   |  „Веро“ трајно ги намали цените на 650 производи   |  Се продава „Навип винарство“   |  Кроасаните 4U добија интернационален сертификат   |  „Метро“ најави продажба на хипермаркетите „Реал“  |  Македонија со национален штанд на најголемиот прехранбен самит во ЈИЕ   |  „Фонтера“ првпат работи со загуби   |  Сарај доби „Coca-Cola Aктивна зона“   |  Кочанскиот ориз не е со ГМО   |   ||
   

Драган Стајковиќ: Компанија со домаќинско работење

20.12.2017
Нашиот соговорник, Драган Стајковиќ, има повеќе од 20 години искуство во индустријата на стоки за широка потрошувачка, во која е присутен од деновите кога секторот почна да стекнува карактеристики на современ бизнис, каков што го знаеме денес.

Разговараше:
Ана Филиповиќ, ana@instore.rs

Како комерцијален директор во „Књаз Милош", со голем успех ги води маркетинот и продажбата. Големите кампањи за сите брендови, многубројните иновации и новиот начин на работење, со кој ефикасно се реализира синергијата меѓу маркетиншките и продажните активности, резултираа со значајни успеси на компанијата. Во „Књаз Милош" Драган Стајковиќ дојде во 2015 година, носејќи долгогодишно искуство што на различни начини било во допир со секторот. Почнал да работи во 1998 година, во компанијата „Кока-кола", бил на раководни позиции во компаниите „Си енд си", „Дукат" и во „Марбо / Пепсико", а искуството го градел и како дел од консултантскиот бизнис.
 
Под негово раководство, на неодамнешниот глобален конгрес на индустијата на пакувана вода во Барселона, „Књаз Милош" освои две престижни награди, во конкуреннција од повеќе од 100 компании од 23 земји, за програмата „Да ги раздвижиме нашите деца" (Pokrenimo našu decu), што ја спроведува брендот Aqva Viva во училиштата во Србија.

Потрошувачите денес се навикнати да имаат можност за избор, љубопитни се и сакаат да пробуваат новитети и екстензии на брендовите. Довербата мора да се негува и кога ќе ја стекнеме, тоа не смееме да го заборавиме, затоа што грешките во овој домен се скапи, болни и, често, непоправливи.

„Књаз Милош" има традиција што трае повеќе од два века. Дали работењето во компанијата за Вас претставува олеснителна или отежнувачка околност?


Работењето во „Књаз Милош" за мене е чест и голема одговорност. Историјата на „Књаз Милош" почнала 50 години пред прочуениот „Периер", а 42 години сме постари и од „Левис", што зборува за силината на нашиот најстар бренд. Традицијата од 205 години и репутацијата што ја изгради нашата компанија нè обврзуваат да правиме промислени деловни потези, што дополнително ќе ја зацврстат довербата на нашите потрошувачи. Тоа е голема обврска на дневна основа, затоа што довербата што ја уживаме е нашиот најголем капитал. Затоа нашата стратегија е да ја негуваме традицијата, вложувајќи во технологија, иновации, во зачувување на високиот квалитет на производите и во вработување млади стручни кадри, но и да продолжиме да ги креираме вкусовите на новите генерации. Тоа е обврска на еден лидер и израз на благодарност што сме дел од животите на огромен број потрошувачи. Таквиот пристап, во „Књаз" го нарекуваме домаќинско работење.

Дали за еден бренд е потешко да ја добие довербата од потрошувачите или, откако ќе ја стекне, да ја задржи?

И едниот и другиот процес носат предизвици, сериозни, за што производите и брендовите мора да бидат подготвени уште од самиот почеток. Потрошувачите денес се навикнати да имаат можност за избор, љубопитни се и сакаат да пробуваат новитети и екстензии на брендовите, па и самиот чин на прво купување е често спонтан. Но, довербата мора да се негува и кога ќе ја стекнеме, тоа не смееме да го заборавиме, затоа што грешките во овој домен се скапи, болни и, често, непоправливи.
 
Градењето и одржувањето на довербата дополнително ги компликуваат, а според нашето гледиште, и ги разубавуваат - глобализацијата и дигитализацијата. Денес сите имаат еднакви можности - и малите и големите производители, и индустијата и мануфактурното производство, и локалните и глобалните играчи. Сите мора еднакво да се трудат за да останат кредибилни. Освен тоа, тоа што за производителите довербата е „свет грал", истовремено е корисно и за пазарот и за потрошувачите и мислам дека е одлично што е тоа така.

Познати сте како компанија што многу вложува во иновации и често на пазарот лансира нови производи. Дали тоа го правите повеќе поради конкуренцијата или поради потрошувачите?

Нè радува што успешно се профилиравме во таа смисла. „Књаз Милош" отсекогаш има репутација на лидер во иновациите и секогаш е чекор понапред со свежи и храбри идеи. Да го споменеме култниот бренд Guarana, кој настана пред повеќе од две децении. Тоа е првиот домашен енергетски пијалак кој, благодарение на тоа што и производот и бренд-комуникацијата беа уште во почетокот успешно конципирани, го креираше вкусот на тукашната популација, кога станува збор за оваа категорија пијалаци. Во историјата на „Књаз" има многу такви примери. Затоа цел спектар од фактори во компанијата нè поттикнува на иновативно работење. Покрај репутацијата и наследството кое нè обврзува, секако, тука се и конкуренцијата и трендовите во индустријата, но уште повеќе и нашата лидерска позиција, обврските кон потрошувачите и страста кон работата.

Големо внимание посветувате на пакувањето и на светските трендови кога станува збор за амбалажата. Годинава донесовте редизајнирано шише, на кое има испис на брендот со Брајова азбука. Какви беа реакциите на потрошувачите и како дојдовте до оваа идеја?

Реакциите беа искрени и позитивни, особено кај ранливата категорија од општеството за кои е оваа карактеристика на амбалажата наменета. Нè радува што со воведувањето на Брајовата азбука на новото шише од Knjaz Miloš донекаде им го олеснивме секојдневниот живот на слепите и на слабовидните сограѓани. Ќе бидеме уште посреќни ако нашиот гест биде поттик и за другите, да помогнат и тие на овој или на сличен начин кога се во можност.

Со новото шише за нашиот најстар бренд одбележавме 205 години постоење, а со дизајнот на амбалажата Knjaz се врати на визуелната едноставност и стилот што го прославија. Нашиот повод за славење сакавме да го зголемиме покажувајќи грижа и внимание за потребите на сите потрошувачи и воедно да покажеме дека имаме начини значително да си го олесниме и да си го разубавиме секојдневието едни со други.

„Књаз Милош" отсекогаш има репутација на лидер во иновациите и секогаш е чекор понапред со свежи и храбри идеи.

Во јули го лансиравте производот Remix Knjаz Superior Narandža. Какви се реакциите од потрошувачите и дали сте задоволни со досегашната продажба?

Иако уште од почетокот имавме амбициозни планови и големи желби за успех за Remix Knjаz Superior Narandža, овој производ ги надмина нашите очекувања. Тоа не е случајно. Со низа иновации што ѝ претходеа на оваа, нашите потрошувачи долго ги негувавме и ги едуциравме за можностите на индустријата, така што тие веднаш ја препознаа вредноста што им ја носи новиот производ. ReMix Knjaz содржи вкупно 15% квалитетен овошен сок, што е многукратно повеќе од тоа на што сме навикнати кај освежителните пијалаци. Кога интерно, уште од почетокот, знаевме дека се работи за освежителен пијалак со супериорен вкус, иновацијата ја поддржавме и со атрактивна амбалажа и со интегрирана кампања, која го одбележа летото и привлече потрошувачи. Резултатите од продажбата се над очекуваното, но уште поголема сатисфакција ни даваат коментарите од луѓе од различни возрасти, животни стилови, од сите региони, кои за кратко време добија нов омилен производ.

А, дали сте задоволни генерално со деловните резултати што ќе ги оствари компанијата оваа година?

Ова е за нас рекордна година. Вакви резултати не се забележани во поновата историја на компанијата. На осмислен начин му се посветивме на секој бренд еднакво и унапредивме по некој важен аспект за секој од нив. Таквиот пристап се покажа одличен и кумулативно даде одлични резултати, со кои сме повеќе од задоволни.

Какви резултати очекувате годинава?

Веќе сме пред крајот на годината и извесно е дека сите индикатори од работењето ќе бидат далеку над минатогодишните. На домашниот пазар, секое бренд-портфолио бележеше успеси, а имавме пробив и на меѓународната сцена. Во претстојниот период ќе продолжиме со стратегијата што даде резултати и планираме да се прошириме во регионот и на извозните пазари.




 
 
 
 
back to top