IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 23.06.2018 || „Крафт-Хајнц“ го продава Complan?  |  Отворена е 100. „Бипа“  |  „Кока-кола“ го проширува погонот во Унгарија  |  „Прилепска пиварница“ донира за Центрите за аутизам  |  „Збербанк“ ќе биде сопственик на 39,2% од „Агрокор“  |  „НТ Болеро“ отвори погон за преработка на овошје во Топола  |  „Шпар“ го отвори првиот супермаркет во Малта  |  Нови можности за квалитетните македонските вина   |  „Мегле“ почнува со дигитален процес на откуп  |  „Млекара Здравје“ се закити со 5 златни ѕвезди   |  „Нектар“ со линија за иновативни пакувања  |  „Слатка куќа“ на улица Македонија  |  „Тинекс“ со поддршка за ранливите групи  |  Tip of the Week® на англиски јазик  |  „Барила“ ќе вложи милијарда евра за одржливо работење  |  „Теско“ ја објави добивката од приватните марки  |  Успешно одржан првиот FMCG-самит во Љубљана  |  Најдобар HR менаџер e Eлизабета Мирчевска  |  „Генеза“ отвори нов погон  |  Попусти за корисниците на „Амазон прајм“ во „Хол фудс“  |   ||
   

Дарко Нашков: Македонската храна да се позиционира во повисок ценовен сегмент

19.02.2018
 Дарко Нашков, сопственик и извршен менаџер на „Ларс"
 
Ако во претходните децении главната главоболка на производителите во FMCG индустријата произлегуваа од цените на суровините, набавката на технологија и трошоците за дистрибуција, во денешно време најголемата главоболка доаѓа од дилемата како да се стигне до потрошувачот и како долгорочно да се „купи" неговата љубов?!  

Глобализираниот пазар, ултраголемата конкуренција и презаситеноста на потрошувачите од преполни полици во трговските синџири го прават патот до потрошувачот многу потежок. Во таа гладијаторска битка со големите играчи, за македонските компании е голем предизвик да се остане конкурентен.

 Поаѓајќи од сопственото долгогодишно искуство, сметам дека е време македонските производители на производи за широка потрошувачка да свртат нов лист. Квалитетни производи, диференцирање со модерен визуелен идентитет и повисоко ценовно позиционирање се адутите со кои би требало да играме.
 
Повеќе од јасно е дека времето на масовно и евтино производство е минато од едноставна причина што со таква стратегија не се добиваат лојални потрошувачи на долг рок. Редно време е Македонија да го искористи имиџот што го има како земја на квалитетна, природна, под сонце одгледана храна...

Овие адути искомбинирани со посилен маркетинг и препознатлив брендинг би требало да ги насочиме кон поголем извоз со повисока додадена вредност. 

Ова е стратегијата на компанијата „Ларс" што дава резултати! Нашите производи се пласираат на повеќе од 30 пазари во Европа, САД, Канада и во Австралија. Работејќи на пазари каде што почитувањето на роковите, на договореното и пред сè конзистентноста на квалитетот се императив, созреавме и ние како компанија и нашите вработени. За нас, конзистентноста на квалитетот не се доведува во прашање! Годинава ја започнуваме со големи амбиции. Пред нас е учество на големите саеми за храна во Њујорк, Париз, Абу Даби и во Атина. Освојувањето нови пазари, паралелно со одржување на позициите на домашниот, е императив врз чија основа ја градиме долгорочната одржливост!

2018 година ќе биде година на големи предизвици за производителите од FMCG индустријата. Силно сум убеден дека компаниите што се долго на пазарот, како што е „Ларс", и кои со години инвестираат во квалитетни производи, мора да излезат од зоната на ЛОКАЛНИ производи. Да не заборавиме дека потрошувачите избираат производи на кои им веруваат и од кои знаат што може да очекуваат. Само за такви производи се подготвени и повеќе да платат!



 
 
 
 
back to top