IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 24.02.2018 || „Маџид ал Футам“ отвора уште 100 објекти „Карфур“  |  „Диа“ оствари бруто-продажба во износ од 10 милијарди евра  |  Рамљак поднесе неотповиклива оставка  |  Пораст на „Шпар“ од 6,5% по проширувањето  |  За 40-от роденден, Стоби Флипс во вселената  |  Успешно спроведена докапитализација на „Бадел 1862“  |  „Нектар“ закупи најголемо земјиште во Владичин Хан  |  „Фереро“ ќе лансира сладолед Kinder, кој ќе го произведува „Унилевер“  |  dm најави партнерство со „Деметер“  |  „Универекспорт“ ја демантираше поврзаноста со лажната наградна игра  |  „Рекит Бенкисер“ најавува финансиско заздравување  |  Наскоро лабораторија за контрола на квалитетот на карловачките вина  |  „Алди норд“ и „Алди зид“ ќе соработуваат во натпреварот со „Лидл“  |  Турци заинтересирани за изградба на најголемата кланица  |  „Амазон“ отвора неколку дистрибутивни центри  |  Американците се „жедни“ за Corona  |   „Лидл“ ја отвори 93. продавница  |  Успешна година за „Шпар“  |  Извозот кон Русија зголемен за 10,6%  |  Пазарот на пакувана вода вреди 2,8 милијарди евра  |   ||
   

Благица Ангелковиќ: За моментот на избор

16.10.2017
 

Благица Ангелковиќ, менаџер за истражување, „Ипсос"

Пазарот на FMCG-производите секојдневно се менува под влијание на мноштво фактори. Денешниот потрошувач никогаш не бил позбунет во изборот, поради огромната понуда на производи и на информации. Потрошувачот во Македонија е свесен за својот избор на производи, бара квалитет за дадената цена, но сепак, тој е особено чувствителен во поглед на цените.

Многу е важно да знаеме дека потрошувачите го избираат брендот кога ќе се сетат на него во моментот на избор. Во тој момент, потрошувачот посегнува по брендот во зависност од силата на мемориското истакнување во неговата потсвест, во комбинација со сите елементи и стимулации што го привлекуваат вниманието.

Преку комуникациски канали (touchpoints) може да го свртите вниманието на потрошувачот и емотивно да допрете до него. Додека традиционалните медиуми постепено ја губат моќта во секојдневната комуникација со потрошувачот, моќта на дигиталните рапидно се зголемува.

За да постои силно мемориско истакнување во свеста на потрошувачот, пред сè, треба да се задоволат функционалните и емотивните потреби на користење и да се создаде свесност, силни и релевантни асоцијативни мрежи. 

Како да изградиме силен бренд кој ќе биде избран?

За да постои силно мемориско истакнување во свеста на потрошувачот, пред сè, треба да се задоволат функционалните и емотивните потреби на користење и да се создаде свесност, силни и релевантни асоцијативни мрежи, кои го поврзуваат брендот со нештата што значат најмногу. Во моментот на избор, вашиот бренд несвесно да биде земен предвид.

Изградете бренд кој се истакнува, дејствувајте во насока тој секогаш да биде достапен и да биде најлесната опција во моментот на избор.

Правилната распределба на комуникациските канали преку кои ќе пристапите до потрошувачот, водејќи сметка дали тие меѓусебно се дополнуваат или разидуваат, ќе ви овозможи максимален ефект со оптимизирани трошоци и многукратно враќање на инвестициите.

„Ипсос" како компанија е присутна во околу 90 земји и врз основа на искуствата, развивајќи ги и дополнувајќи ги своите алатки, трудејќи се да допре до (пот)свесното размислување на потрошувачот, работи за да им помогне на клиентите да изградат посилни брендови и да ги навигираат промените.

На македонскиот пазар, лидери во продажбата во повеќето категории сè уште се интернационални брендови или тие од соседните држави, но во неколку категории, како конкуренција се појавуваат и домашни брендови. Тие компании знаат дека „знаењето е моќ" и вложуваат исклучиво врз основа на пресметани ризици, развивајќи ги стратегиите и градејќи силни брендови. Во последно време, забележувам дека еден дел од македонските компании ја согледуваат важноста на истражувањата и веќе не ги гледаат како трошок, туку како инвестиција. Се надевам дека во блиска иднина ќе се зголеми таа свесност и кај другите македонски компании.


 
 
 
 
back to top