IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Четврток, 27.04.2017 || Две недели до трговскиот настан на годината  |  „Лента“ ги објави резултатите од првиот квартал  |  Подобар дизајн на пакувањето за поголема конкурентност  |  Врвни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Производите на „Подравка“ на катарските полици  |  „КМВ“ ја купи партнерската компанија на „Пепсико“ во Бугарија  |  „Меркатор“ заинтересиран за големите центри на „Конзум“ во БИХ  |  Пораст на продажбата на „Теско“  |  „Монделез“ инвестира во четири производствени линии  |  Х5 потпишува договор со Центросојузот  |  Потврдени сертификатите за добра производна практика на „Алкалоид“  |  Уништено неисправно пилешко месо од Бразил  |  „Империал тобако ТКС“ одбележува 15-годишен јубилеј  |  „Пепсико“ ќе поддржи осум неконвенционални брендови  |  „Лидл“ - Хрватска ќе издава извештаи за прехранбените производи  |  Виното на „Рубин“ најдобро на српскиот пазар  |  Еминентни говорници на FMCG Summit Скопје 2017  |  Зголемен прометот во индустријата во февруари   |  „Волмарт“ укинува корпоративни работни места  |  Словенечката влада го усвои „Лекс Меркатор“  |   ||
   

Анџело Дарио Скоти: Семејна компанија, која работи глобално

20.02.2017
 

Анџело Дарио Скоти, директор на „Ризо Скоти"

Во 1979 година, Анџело Дарио Скоти ги презеде продажбата и маркетингот во компанијата „Ризо Скоти", а во 1986 година, стапи на функцијата извршен директор, која ја извршува до денес. За време на петтата генерација, односно во времето на неговото водење на компанијата, беше укината традиционалната амбалажа и првпат беше воведено вакуумското пакување (1992 година). Во 2004 година, компанијата отвори нов производствен центар на 135.000 квадратни метри, кој го носи името „Бивио вела", со капацитет од 1 милион тони.

Разговараше: Марко Храстар, marko.hrastar@instore.si

Нè интересира Вашата историја, историјата на д-р Дарио Скоти!

Како и сите синови на претприемачи од седумдесеттите години на минатиот век, завршив средно економско училиште, по што служев војска. По воениот рок, ги завршив студиите по економија и влегов во „Ризо Скоти", која во тоа време беше во 51-процентна сопственост на татко ми. Компанијата беше мала – освен двајцата другари на татко ми, беа вработени 34 луѓе и интересно беше што сите беа мажи, Италијанци, најчесто од северниот дел на државата.

Каква е состојбата денес?

Денес, во групацијата „Скоти" вработени се околу 450 работници од целата територија на Италија и странци од 17 различни националности. На лидерски позиции имаме две успешни менаџерки и извезуваме во 80 држави. Семејството Скоти и денес поседува 51 отсто од уделот на компанијата, но од 2013 година, имаме и силен меѓународен партнер – „Ебро фудс" со 40 отсто удел. Шпанската компанија е прва во светот во сегментот ориз и втора во сегментот тестенини.

Кажете ни нешто за семејството...

Имам три ќерки. Најмлада е Лукреција, која студира и моментално е на пракса во компанијата. Франческа го управува синџирот маркети „Пиачере тера" со био-понуда (22 продажни места). Најстарата Валентина е во Романија и управува со „Ризо Скоти Данубио", која беше формирана за снабдување на локалните и на блиските пазари. Таа се занимава и со проектот ресторани и бистроа – „Со ризо", во сопственост на „Скоти". Тие се шестата генерација и со голема желба им ја пренесувам страста кон работата, бидејќи таа е еден од главните водилки кон сè што е добро во еден бизнис. Сè уште сум сериозен учесник во работата и се обидувам да соработувам на три нивоа – како „воспитувач на младите", бидејќи светот им го оставаме ним; „мотиватор" на сите вработени и како „контролор", кој стратешки ја води компанијата.

Дали мислите дека се зголемува потрошувачката на ориз?

Може да очекуваме дека потрошувачката на ориз во државите како што се Индија, Кина и Тајланд, каде што моменталната потрошувачка по жител е околу 100 килограми годишно, да се намали. За разлика од тие држави, очекуваме во западните земји, каде што моменталната потрошувачка по жител е од 5 до 7 килограми, да се зголеми. Во годините што следуваат, глобалната потрошувачка на ориз ќе биде поголема, не само поради „моден каприц", односно тренд, туку поради зголемените прехранбени потреби на потрошувачот. Денес, повеќе од кога било, присутна е нетолеранцијата на глутен. Во таа насока, оризот ќе одигра важна улога во процесот на потрага по замена на традиционалните житарки со глутен.

Колку е важен Riso Scotti за Јадранскиот Регион?

Riso Scotti претставува голема шанса за тој регион. Со исклучок на Грција, која од сите земји на Балканот е единствената што произведува ориз. Во другите земји имаме конкурентска предност, затоа што, за разлика од поголемиот број доставувачи на ориз, ние сме и производители. Некои од државите во тој регион, како што се Словенија, Хрватска и Албанија, имаат пристап до италијанските телевизии веќе 30 години и за нив брендот Riso Scotti е добро познат. Во тие држави е поразвиена и културата за приготвување на оризот како италијанско рижото, отколку во другите. Во 80 држави, во колку што го извезуваме Scotti, сè уште не најдовме бренд што ќе понуди толкава високоразвиена понуда од ориз и производи на база на ориз.

Која е главната конкурентска предност на компанијата „Ризо Скоти"?

„Ризо Скоти" ги одржува позитивните карактеристики на традиционална семејна компанија, во која се присутни деловното опкружување, вредностите и емоциите. Истовремено, во тимот имаме и друга реалност – со меѓународниот соработник и со работниците од различни националности, работиме глобално. Оттука, остануваме традиционална семејна компанија, која истовремено е и меѓународна и глобална. Другата предност е разновидноста на понудата – околу 40 отсто од продажбата, ја остваруваме од производите направени од ориз (тестенини, леб, напивки, грицки). Денес, сигурно најсилните точки на Scotti се препознатливоста како италијански производ (Made in Italy), големиот глобален пазар што се интересира за нашите производи и специфичниот производ, кој ги задоволува барањата и на најпребирливите потрошувачи.

Кого гледате како конкуренција?

Што се однесува до Италија, во сегментот на малопродажбаRiso Scotti е малку под брендот Riso Gallo, но во однос на вкупната продажба на ориз (малопродажба и хорека заедно), за 1,6 пати сме посилни од него. Ако на тоа ги додадеме и производите на база на ориз во продадени количества во килограми, може да се категоризираме како најголем снабдувач на ориз во Италија. Продаваме за 2,5 пати повеќе од компанијата „Ризо Гало". Ако зборуваме за меѓународното опкружување, сметам дека нема смисла да се стане најголем, туку да се стане некој, што ја зазема својата позиција или функција. Мислам дека на пазарот е подобро да се биде следбеник со сопствена улога, отколку водач без никаква улога. Затоа, една од моите најголеми желби е да се развива компанијата, која има сèпосилен катактер и маркантна улога на пазарот на ориз.

Каков акцент им давате на иновациите?

Најубавиот дел од претприемништвото е креативноста, а оризот нуди илјада можности. Вработуваме луѓе кои секојдневно работат на иновациите. Секоја година претставуваме по најмалку 10 нови производи. Во последните пет години одделението за иновации најмногу време им посвети на интегралните производи, кои потрошувачот може да ги приготви за 10 минути, а иднината ќе биде насочена кон развој на производите, произведени од древни житарки, како, на пример, чиа, киноа и амарант, а во план ни е и зелен ориз. Меѓу последните важни иновации, би ги додал и оризовиот крем и оризовиот леб. За годинава планираме воспоставување и контрола на оперативниот синџир на снабдување, како и развој на сè поголемото производство на суши ориз, за што одбравме и специјално име – хакумаки. За тој проект соработуваме со јапонски експерти, бидејќи не сакаме ништо да ѝ препуштиме на случајноста.

Кој производ од големото семејство на Riso Scotti лично Вам Ви е најдобар?

Одговорот ќе биде клише, но сепак, тоа е кралот на оризот – Carnaroli Lomellina. Тоа е оризот, кој е срцето на нашата понуда. Меѓутоа, иновациите се ДНК на компанијата, па затоа би додал уште еден производ, односно група производи, кои во последните десет години најмногу се разви – оризовите и растителните напивки (од бадем и од лешник).


 
 
 
 
back to top