IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Среда, 12.12.2018 || „Виталиа“ продава и во Бангладеш   |  „Нектар“ и „Нелт“ се здружија во Србија   |  „Старбакс“ ќе отвори уште 2.100 ресторани ширум светот  |  „Жито маркети“ прослави 30 години   |  „Дм дрогерие маркт“ забележа двоцифрен раст   |  „Розе“ во „Вашингтон пост“   |  „Виолета“ ја разубави скопска Гинекологија   |  Vincinni извезува во Јужна Кореја   |  Тридневна дружба на вработените на „Макпрогрес“  |  „Лакталис“ го купува „Нестле“ во Малезија за 40 милиони долари   |  Трговците избраа ТОП 100 производи  |  Милијардер купи удел во Starbucks  |  Перутнина Птуј“ ќе продава салами во САД   |  „Метро Бугарија“ воведува автентични млечни продукти  |  Сертификати за компаниите што се фер со потрошувачите  |  „Унилевер“ нема да се сели во Холандија   |  Трговците бираат топ 100 производи   |  Битола стана дел од големиот проект „Coca-Cola Активни зони“   |  Производителите на чоколадо се насочуваат кон Исток   |  Трошоците на живот на месечно ниво намалени, на годишно имаат раст   |   ||
   

Актуелно: Осврт на научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз“

16.10.2017
На барање на Стопанската комора на Македонија, Виенскиот институт за меѓународни економски студии ја изработи научно-истражувачката студија „Македонскиот извоз", која беше презентирана на средината од септември

Приреди: Стопанска комора на Македонија

 

Покрај обработката на извозот како главен сегмент во анализите, студијата вклучува поширок преглед на потенцијалите и на можностите на македонската економија, за да се утврди вистинското место на приватниот сектор во македонското стопанство, врз чијашто основа e потребно да се креира модел што ќе ги поттикне економскиот пораст и развој.

Аналитичко-научниот пристап на студијата резултира со констатации не само за состојбите во македонската економија, туку и на економските услови во поширокиот регион, вклучувајќи ја и економијата на земјите од ЕУ и од ЦЕФТА, со чиишто состојби е направена паралела.

Студијата изобилува со податоци и е приказ на состојбите и на движењата во повеќе сегменти, како што се увозот, извозот, производството, понудата и побарувачката на пазарот на производи и на услуги, влијанието на констатираните состојби врз вработеноста и миграциските движења на работната сила, иновативноста како фактор на стопанскиот пораст, состојбите во макроекономската и во монетарно-финансиската сфера, значењето и влијанието на странските инвестиции врз извозот и неговото учество во БДП, важноста на регионалната интеграција и на интернационализацијата на односите за понатамошен економски пораст, потенцијалите на малите и средни претпријатија (МСП), што, на подготвувачот му служи како основа да даде и свои констатации и предвидувања за идниот економски пораст на македонската економија.

 Во услови на ригидна макроекономска политика, кога развојот на земјата зависи од извозот и од надворешната трговија, клучна улога има понудата на македонски производи за европските пазари.

Во студијата, изработена од  д-р Владимир Глигоров, експерт од Виенски институт за меѓународни економски студии, е констатирано дека Македонија има траен проблем со ниската вработеност и високата невработеност, затвореноста на домашната економија што се анализира преку малиот извоз во споредба со вкупното производство во земјата, нестабилноста на земјата изразена преку големата разлика меѓу активните и пасивните каматни стапки. Во делот на стопанската политика, во услови на фиксен курс на денарот, има можност за зголемување на конкурентноста на домашната економија.

По 2008 година, по малото опуштање на макроекономската политика, се зголеми вработеноста, се зголемија јавните инвестиции, а се зголемија и платите. Извозот се зголемувал побргу од увозот, а трговската нерамнотежа, делумно се должела на големиот прилив на дознаки. Субвенциите како инструмент на трговската политика треба да ги поттикнат странските инвестиции, но странските инвеститори се фаворизираат во однос на домашните инвеститори. Очекувањата од иднината се сведуваат на тоа странските инвестиции да бидат регионални, така што македонските компании можат да се интегрираат во рамките на поголемите регионални компании.

Во услови на ригидна макроекономска политика, кога развојот на земјата зависи од извозот и од надворешната трговија, клучна улога има понудата на македонски производи за европските пазари. Колку поголема понуда – толку поголеми шанси за зголемен извоз и за намалување на трговскиот дефицит на земјата. Сегашната структура на македонската економија покажува доминација на преработувачката индустрија, но потребна е реиндустријализација на економијата, бидејќи, преработувачкиот сектор се сели кон големите држави, а фокусот треба да биде на развојот на услугите. Пречки постојат и во даночниот систем, а пречка е и недоволниот пристап до финансиски средства.

Како што се наведува во студијата, постојат два основни проблеми:

  1. Компаниите се ориентираат кон производство за домашниот пазар, што значи дека речиси целокупното производство се троши во земјата, а средства за инвестиции се чекаат од странски инвеститори;
  2. Нема доволно развиена иновативност во компаниите.

Постојат два основни проблеми – компаниите се ориентираат кон производство за домашниот пазар, односно речиси целокупното производство се троши во земјата, а средства за инвестиции се чекаат од странски инвеститори, и недоволно развиената иновативност во компаниите. 

Авторот посочува дека за да има развој и зголемена конкурентност, потребно е најмалку од 20 до 25% од БДП да се инвестира во нови производи и во иновативност, а извозот да биде главен генератор на порастот и на вработувањето. Со 4% стопански пораст, под претпоставка стопанскиот пораст на ЕУ да биде 2% – по 30 години македонскиот БДП по жител би требало да биде околу 90%, што значи дека идната генерација граѓани би можеле да живеат со европски стандард.

 

Препораките што се дадени во студијата упатуваат дека е потребно да се одржи фиксен курс со антициклична фискална политика и конкурентен реален курс со постојани надворешни биланси. Како поважна политика се напоменува и развивањето на поддршката на истражување и на развој или поддршка за технолошки паркови. Во тој контекст, се дава осврт врз практиката во време на поранешна Југославија, кога имаше синџири на производство во различни индустриски сектори.

Од аспект на технолошките политики значајни за пораст на извозот и на технолошкиот развој, особено значајни се:

  • Реформата на пазарот на производи со поддршка на старт-ап компании, иновации и пристап до странски пазари;
  • Поддршката за зголемена регионална соработка;
  • Поддршката за развој на човечкиот капитал.

За да се реализираат препораките во студијата, потребни се: поттикнување на иновативноста; зголемување на интернационализацијата; активна политика на вработување; реформа на даночниот систем; научно и технолошко поврзување; активно учество во Берлинскиот процес и зајакнување на јавното и на приватното партнерство.

За институтот:

Виенскиот институт за меѓународни економски студии е независна и непрофитна институција, еден од главните центри за истражувања за Централна, Источна и за Југоисточна Европа, со четириесетгодишно искуство. Рангиран е на 5. место од 25 светски меѓународни истражувачки институти. Со текот на годините, институцијата го прошири полето на стручност и областите за истражување. Во моментов, фокусирана е на макроекономските случувања и на структурните промени, меѓународната економија, пазарите на трудот и општествените прашања, како и на одбрани прашања за секторските и за регионалните економски случувања. Анализите се засноваат на примарните извори на податоци, како и на податоци добиени директно од земјите каде се вршат истражувања. Високиот квалитет на податоци овозможува долгорочни анализи, што можат да служат и како основа за проценка на тенденциите во иднина.

Во институтот работи тим од висококвалификувани експерти, со големи познавања за регионот. Економистите и статистичарите постојано се во контакт со институции, истражувачи и со подготвувачи на политики од земјите што ги покриваат, а честопати и потекнуваат од земјите што се предмет на истражувањата.


 
 
 
 
back to top