IN STORE in your country:
Makedonija   Slovenija   Hrvatska   Srbija   BiH  
Povratak na pocetnu stranu  
  Македонија Сабота, 25.11.2017 || Budweiser ќе испраќа јачмен во вселената  |  Весел почеток на соработката меѓу „Вела“ и „Орбико“  |  Пораст на е-продажбата на dm  |  „Карфур“ лансира одржлива приватна трговска марка  |  Просечната нето-плата во септември – 23.229 денари  |  Голем пораст за приватните трговски марки на „Теско“  |  Амазон оди „во шопинг“  |  „Попова кула“ со добивка од 4,8 милиони денари  |  Задолжителна квота за жени во управувањето со компаниите  |  „Дониа“ наградена со јубилејно признание  |  „Алибаба“ со нова инвестиција од 2,9 милијарди долари   |  Почнува втората потрага по „Добри брендови“  |  „Хол фудс“ со поголеми снижувања за премиум членовите на „Амазон“  |  „Тиквеш“ го претстави годинашното младо вино  |  Argeta веќе се произведува и во САД  |  Поповолна економска состојба во преработувачката индустрија во октомври   |  Зголемен прометот во индустријата во септември  |  Деловни средби за нови партнерства  |  Унапредување на трговските односи меѓу двете земји  |  „Нестле“ ќе го реорганизира бизнисот со храна за бебиња  |   ||
   

Актуелно: Мерки за спас на „Агрокор“

12.04.2017
 
Хрватскиот Сабор го изгласа законот познат како „Лекс Агрокор", за вонредна управа во трговските друштва од системско значење за државата, кои се соочени со тешкотии во работењето

Приреди: Данче Драгинова, danche@instore.mk
 

Раководството на „Агрокор" на крајот од март постигнало договор со доверителите за т.н. стенд-стил аранжман, пренесоа хрватските медиуми, наведувајќи дека Ивица Тодориќ се согласил да си оди од челното место на компанијата. Потпишувањето на договорот следуваше откако поради долг за данок на додадена вредност поголем од 10 милиони евра, сметките на „Агрокор" и на повеќе фирми во нејзиниот состав, биле блокирани. Стенд-стиларанжманот подразбира дека доверителите нема да почнат со наплата на кредитите во текот на процесот на реструктурирање на компанијата, а додека тој важи, дотогашните сопственици остануваат без сопственичките права.

Новоназначениот извршен директор за стратешко реструктурирање на „Агрокор", Антонио Алварез Трети, на 4 април го претстави својот тим, во кој само еден член е по потекло од Хрватска. Тој истакна дека состојбата со гигантот е многу сериозна и не постојат гаранции дека компанијата ќе успее.

„Агрокор" ме постави за шеф за реструктурирање на групацијата за да ја доведам до стабилност и да ги обединам сите учесници – вработени, кредитори, банки и сите што се вклучени и на кои им е потребна помош. Времето е од клучна важност. Ова е една од најпредизвикувачките ситуации со кои сум се соочил досега, изјави тој.

Алварез Трети има 25-годишно искуство и е еден од водечките независни глобални советници за реструктурирање. Тој е извршен директор за реструктурирање во консултантската куќа „Алварез & Маршал", која работи низ целиот свет, а денес вработува повеќе од 2.900 луѓе во 45 канцеларии во 18 земји на четири континенти.

За сериозноста на состојбата зборува и фактот што на 7 април, Хрватскиот Сабор го изгласа законот за вонредна управа во трговските друштва од системско значење за државата, кои се соочени со тешкотии во работењето. Законот, познат како „Лекс Агрокор", овозможува постапка на вонредна управа во компаниите кои имаат повеќе од милијарда евра долг и повеќе од 5.000 вработени. Постапката може да биде поведена или од сопственикот на компанијата или од доверителите, со согласност од сопственикот, а доверителите ги именува државата. Вонредната управа може да трае најмногу 15 месеци, а доколку постапката за стабилизација и за реструктурирање не успее, тогаш компанијата би влегла во стечај.

Намерата за донесување на посебни мерки за спас на „Агрокор" наиде на критики на тамошната бизнис-заедница, која смета дека сите субјекти треба да имаат еднакви услови за дејствување на пазарот. Од хрватската влада велат дека целта на законот не е да се заштити Тодориќ и да се спаси „Агрокор", туку хрватската економија и финансискиот систем.

Според официјалната страница на концернот, годишниот приход на „Агрокор" изнесува речиси 7 милијарди евра, а за него во Хрватска работат речиси 60.000 луѓе и уште неколку десецици илјади во регионот (Србија, БИХ, Словенија).

Хрватскиот гигант во Македонија е присутен од октомври 2011 година, преку откупно-дистрибутивниот центар „Агрофруктус" во Струмица. На крајот од 2016 година, на најголемиот дел од вработените не им беа продолжени договорите за работа. Од седиштето на „Агрофруктус" во Хрватска, за InStore тогаш изјавија дека поради сезонскиот карактер на работата, имаат намалена потреба од работна сила и дека тоа е причината за необновувањето на договорите. Оттаму не прецизираа на колку вработени не им беа продолжени договорите.


 
 
 
 
back to top